Почетна / Uncategorized / Романса со Кејт Винслет и акција со Џеки Чен денеска на Сител

Романса со Кејт Винслет и акција со Џеки Чен денеска на Сител

Попладнето на Сител стартува во 11.20 часот со романтичната комедија “Одмор”, каде главните улоги им припаднаа на Кејт Винслет, Камерон Дијаз, Џуд Ло и Џек Блек.

Приказната ги следи разочарувањата на две жени кои се на спротивните страни од Атлантикот, но нивното интернет познанство ќе вроди со идеја – да ги заменат домовите и да тргнат во нови авантури.

Веднаш по романсата, во 13.40 премиера на кинеската акција “Вангард” со познатиот Џеки Чен.

Тајната безбедносна компанија „Вангард“ е последната надеж за преживување на сметководителот кој ќе се најде на мета на најсмртоносната платеничка организација во светот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зависност од коцка во британскиот трилер „Крупие“ петочки на МТВ 1

Еден млад писател сфаќа дека неговата нова работа може да биде совршена тема за роман. …

error: Содржината е заштитена!