Необична романтична комедија во која две непознати лица, гости на свадба, се наоѓаат во бесконечна временска јамка.
Најлс (Енди Самберг) е заглавен на свадба во Палм Спрингс каде што ја запознава Сара (Кристин Милиоти), деверушата и црната овца на неговото семејство. Откако тој ја спасува за време на нејзиниот прилично катастрофален невестински говор, Сара почнува да го сака Најлс, особено неговиот бестрашен нихилизам.
Но, откако нивниот импровизиран состанок е прекинат со надреален момент, Сара му се придружува на Најлс и ја прифаќа неговата идеја дека ништо навистина не е важно, а двајцата почнуваат полека да ја уништуваат свадбата на која се наоѓаат. Живеј како да нема утре.
Главните улоги на филмот кој ќе го следите во сабота, 14 јануари во 22.15 часот, ги толкуваат Енди Самберг и Кристин Милиоти.
Дани | ТВ Пакет