Паралелно со почетокот на Светското првенство во ракомет, премиера на новата епизода од емисијата “Македонски спортски легенди” во која гостува големиот Александар Царчев – поранешен тренер на голманите на македонската ракометна репрезентација.
Александар Царчев неколку децении е присутен во македонскиот ракомет. Тој беше голман на Вардар, потоа и на нашата репрезентација. Во кариерата имаше настапи и во странство, а како тренер еден период се грижеше за формата на нашите репрезентативни голмани.
Царчев во моментов е тренер на ЖРК Вардар. Емисијата посветена на легендараниот ракометен голман и тренер ќе ја гледате во сабота во 12:00 на Наша ТВ.
Дани | ТВ Пакет