Почетна / Забава / Евровизија / Влезниците за „Евровизија“ од 10 до 216 евра

Влезниците за „Евровизија“ од 10 до 216 евра

 

Првата серија влезници за евровизискиот спектакл кој ќе се случува следната година во Малме, Шведска, веќе се пуштени во продажба. Достапни се билети за шесте проби, како и трите преноси во живо, првото и второто полуфинале и главната вечер. Првите влезници ќе бидат на попуст, за фановите има специјална квота, а најевтината влезница ќе чини 10 евра на партерот за стоење, додека за најскапата ќе треба да се платат 216 евра. Евровизиското шоу е закажано за 14., 16. и 18. мај следната година.

„Фановите ги прават најголемите евровизиски журки, тие се значаен дел од шоуто и сакаме да бидат закон на подот во фан секторот на Малме арената. За да бидат поблиску до сцената ќе ги извадиме столиците за да имаат доволно место. Фановите ќе имаат ексклузивен пристап до билетите до 3. декември, а потоа ќе бидат понудени на јавна продажба“, сметаат од ЕБУ и додаваат дека кога камерите и крановите ќе бидат поставени и кога ќе се дефинира сценографијата ќе бидат достапни повеќе билети.

Според најновите податоци, првата серија билети за финалето беа распродадени во првите 22 минути откако беа официјално пуштени во продажба. Инаку, следната година заради штедење, на Евровизија нема да имаат свој претставник земјите Португалија и Полска.

 

Боби Китанов | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Програмски совет на МРТ : Да направиме напори за учество на Евросонг

Програмскиот совет на МРТ како тело по третпат, односно трета година по ред, сме сложни …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!