Почетна / Вебновела / Одмазда – љубов и смртна казна (22. продолжение)

Одмазда – љубов и смртна казна (22. продолжение)

Младата Елиса стоеше како статуа, здрвена, збунета…Имаше стотици прашања во главата.
– Алисиња, што направи?.- ја праша својата братучетка, кога успеа да дојде до збор.
– Те молам, Елиса, дозволи ми да ти објаснам…
Но, сите објаснувања веќе беа залудни. Елиса изрипа како попарена од постелата, несвесно турнувајки го фенерот на подот. Стаклото се скрши и пламенот го зафати чаршавот на креветот.
Двете испаничени девојки почнаа да врескаат по помош, додека огнот се ширеше…

 

 

Одмазда – љубов и смртна казна

Продолжение 22 – „Болно сознание“

 
Младата Елиса стоеше како статуа, здрвена, збунета…Имаше стотици прашања во главата.
– Алисиња, што направи?.- ја праша својата братучетка, кога успеа да дојде до збор.
– Те молам, Елиса, дозволи ми да ти објаснам…
Но, сите објаснувања веќе беа залудни. Елиса изрипа како попарена од постелата, несвесно турнувајки го фенерот на подот. Стаклото се скрши и пламенот го зафати чаршавот на креветот.
Двете испаничени девојки почнаа да врескаат по помош, додека огнот се ширеше…

Светлината на полната месечина продираше низ испакнатините на дрвените прозорци во собата на Енцо, додека тој ја љубеше својата Господарка, страсно како што никој претходно не ја љубел. Таа се смееше во екстаза, додека неговите незаситни раце шетаа по нејзините гради, преку вратот и лицето се до препоните.
– Не можам да престанам да мислам на тебе…Моја Естер.
Неговиот глас беше зарипнат и тивок како шепот во ноќта.
Беше топло. И се смееше со својата мачорска насмевка, додека очите му светкаа како пред оган. Естер го љубеше неговиот врат, чуствувајки го вкусот на човекот кој го сонуваше цела ноќ, човекот кој го чекаше, за кој копнееше и гореше. Повеќе не постоеше ништо зад таа врата. Ни сопруг, ни деца, ни дом, ни роднини, ни слугинки. Не постоеше никој и сакаше да го направи тоа што сака, она што го бараше нејзиното тело. Ќе го следи нагонот кој и се роди во утробата уште од првиот ден кога го виде овој човек, нагон кој не е заведен во ниту еден молитвеник, кој не се чул од ниту една чесна жена, но нагон кој ја прави да трепери, да моли и да наредува. Животот струеше во нејзините вени како дива река која се влева во море.
Легнаа на креветот. Прстите на Енцо набрзина ги раскопчаа копчињата од ноќницата на Естер. Нејзината бела и намирисана кожа се појави како латица. Надвор под полната месечиа, светот спиеше, додека во собата за слуги, господарката на имотот го испушти својот прв крик на задоволство под телото на несопирливиот Енцо. Нивните врели тела почнаа да се лулаат во ритам, кога до нив допре нечиј крик. Силен врисок кој допираша од ѕидините на фазендата.
– Што беше тоа?, – праша Естер, која одвај доаѓаше до здив.
Енцо го одвој своето испотено тело од нејзиното. Криците доаѓаа од фазендата и не делуваа како добар знак.
– Дали се каеш?, – ја праша додека таа ја закопчуваше кошулата.
Наместо одговор, само благо му се насмевна, пријде до него и нежно го бакна.
– Никогаш, – додаде пред да ја напушти собата.

Крикот на преплашените девојки набрзина ги доведе Антониета и Лукреција во собата, каде што гореше постелата на едниот кревет. Лукреција ги зеде во прегратка хистеричните девојки, додека Антониета потрча по кофа со вода и набрзо го изгасна пламенот кој се ширеше.
– Но, што се случило? Како дојде до ова?, – праша Лукреција.
– Еден маж, – спретно излажа Алис. – Еден маж скокна преку прозорецот и ја турна ламбата.
– Маж? Каков маж?
– Исусе, како изгледаше?
– Не го видовме, само сенка.
– Можеби била Акасија, – претпостави Антониета. Беше доста веројатно да била жената сенка која ги демнее друмовите по полноќ.
– Не, не беше Акасија, сигурна сум дека беша маж, – лагите на Алис немаа крај.
– Ќе одам да ја прегледам куќата. Можеби тој човек е сеуште тука, – рече Антониета.
– Те молам, внимавај, – загрижено ја предупреди Лукреција.

Ја зеде пушката за лов закачена на ѕидот и подготвена да пука, Антониета излезе на верандата. Ноќта беше мирна, единствена врева пеавеа штурците со својата песна. И одеднаш се слушна крцкање на дрвениот под. Антониета ја заврте пушката кон сенката која стоеше наспроти неа.
– Кој е?
– Антониета, ве молам не пукајте, тоа сум јас…Енцо.
– Како не ви е срам да гледате низ прозорци?
– Што зборувате? Јас доаѓам од селото. Се случило нешто?
– Каде е Фаусто? Не беше со Вас?
– Да, но јас решив да заминам порано. Што се случува овде?
– Некој маж шета низ куќата. Го виделе Елиса и Алисиња.
Во следниот момент, верандата се наполни со мажи, вооружени работници со факели во рацете.
– Што се случило, госпоѓице Антониета?, – праша едниот од нив.
– Во куќата има натрапник. Ако видите некој непознат, пукајте! Енцо, морам да ве замолам нешто.

Закачена на неговата машкост, како амазонка на својот пастув, Кристина уживаше во дивата страст која можеше да и ја приушти само еден маж во тоа село. Фаусто Кастењон. Собата се изполнувше со крици на задоволство, кога во најслаткиот чин, старата Кармен ја прекина магијата кога влезе во собата.
– Простете што ве прекинувам, но итно е! Има проблем на Темпестад!
Енцо стеше на прагот од вратата, но главата му беше завртена на другата страна. Проговори кога Кармен му даде знак.
– Извинете дон Фасуто, но итно сте потребен на Темпестад.
Крвта на Кристина се заледи кога го слушна гласот на својот брат.
Енцо, со врвот на окото погледна кон собата, навистина немаше намера да биде наметлив, тука беше само како гласник, но црвените кадрици на жената која беше споена во едно тело со неговиот Господар му го привлече вниманието.
– Кристина, – прошепоте речиси немо, гледајки го срамното тело на својата помлада сестра закачено како со клинец над телото на Фаусто Катсењон.

Елиса го изми своето лице со студена вода и босилек, но ниту водата не можеше да го избрише украдениот бакнеж од страна на нејзината роднина. Беше бакната од жена. Никогаш во животот не можеше ни да замисли дека еден ден ќе доживее нешто такво.
– Елиса, мораме да рагзовараме, – рече Алис кога се врати назад во собата. Нејзината лага за мажот натрапник ги размрда сите домашни, па сега можеше насамо да рагзовара со својата родина. – Сакав да ти заблагодарам што не кажа никому за она што се случи.
– Зошто излажа? Зошто таа приказна за натрапникот?
– Бидејки никој не би разбрал.
– Што да разберат? Ти криеш нешто од мене, Алис.
– Јас?
– Да, ти. Нешто што не знам за тебе. Сакам да ми ја кажеш вистината во овој момент!

Еден фенер на масата ја осветлуваше библиотеката, каде што со пушката в раце, Антониета стоеше покрај прозорецот, чекајки да се врати Фаусто, откако го испрати Енцо по него во борделот. Но, одеднаш слушна како некој ја отвара вратата, го заврте оружјето кон истата и праша кој е.
– Антониета, јас сум, – одговори женски глас, чие тело беше прекриено со црн мантил со качулка преку лавата.
– Естер?!, – крикна домарката. – Од каде доаѓаш во ова време?
– Бев да прошетам. Не можев да спијам од жештините.
– Зошто, Естер? Добро знаеш дека Фаусто не сака кога шеташ во ова време. Свесна ли си на каков ризик се изложуваш?
– Што се случило овде? Зошто си вооружена?
– Елиса и Алисиња виделе странец во собата.
– Исусе, – крикна Естер. – Мораме да пратиме по Фаусто.
– Веќе го сторив тоа.
– Ќе одам да ги видам девојчињата, – додаде Естер и потрча кон собата на девојките. Но, дали Антониета ја проголта приказната за прошетката поради енсоница?

Кристина се обидуваше да го сокрие своето грешно тело под чаршафите. Не можеше да го погледне во очи својот брат, немаше храброст.
– Но, како се сомелуваш да не прекинеш?, – грмеше Фаусто, додека ги облекуваше панталоните. – Ти, стара вреќо, зошто го пушти?, – дрско и се обрати на старицата.
– Рече дека е итно и…, – пелтечеше Кармен.
– Не знаев дека сте тука со Кристина, – додаде Енцо со грутка во грлото.
– Вие двајца се познавате?, – праша Фаусто.
– Кристина ми е сестра.
– Сестра?!
– Mia Sorella, – потврди Енцо иако тоа не беше најгордиот момент за да можеше да ја нарече така.
– И што е тоа толку итно што се случува на Темпестад?, – на крајот праша Фаусто.
– Ве бараат дома, газда.
Фаусто ја закопча својата ленена кошула и излезе од собата без збор. По него и Кармен. Енцо длабоко воздивна, приоѓајки до својата сестра, која сеуште го криеше своето тело под тенкиот чаршаф.
– Зошто Кристина? Зошто го правиш ова?
– Не сум должна да ти давам објаснувања, Енцо. Врати се на север и остави ме да си го живеам животот овде. Јас не сум твоја сорела. Јас немам фамилија!
Силна шлаканица од грубата рака на Енцо ја замолче Кристина. Ја болеше толку што дури почуствува крв од едната страна на усната. Но, ударот не беше толку болен како што болеше гневот во очите на нејзиниот брат.

Продолжува во среда…

 

 

 

Јовица Крстевски | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!