Неверојатна приказна за една силна жена и една пожртвувана мајка. Серија која ги растрепери сите оние кои ја погледнаа и слушнаа судбината на девојката, која од робинка на немилосрдната традиција стана бегалка и борец за среќата на најмилото.
Долга и мачна ќе биде битката на бегалката да се сокрие од оној кој цело време ќе ѝ стои зад петици. Од оној кој ќе ја бара и под дрво и под камен. Од тој од кој и сега нема да има мир и спокој.
Но, за среќата на своето дете, бегалката ќе мора да се жртвува, да бега и да се крие, да сонува и да се надева, да живее со мислата дека никогаш повеќе нема да ги доживее истите кошмари.
Наскоро на Сител доаѓа најтрогателната турска серија на сите времиња. “Бегалка” е серија со тажен почеток и неизвесен крај, серија која ќе ве помести од местата и ќе ве натера да осудите, да сочувствувате и силно да верувате.
Дани | ТВ Пакет