Oд далечните вилаети на горката земја и од под несоборливите ѕидини на големите конаци, доаѓа семејната приказна што ќе ја истакне борбата за љубовта и почитта кон семејните вредности.
Ферит e убав и чесен млад човек, син на едно од најбогатите семејства во Антакија. Поради неизбежната желба на неговото семејство, тој е на чекор да се ожени со Ханде, разгалената ќерка на деловните партнери на семејството. Но, едно предавство ќе смени сè и ќе ги рани срцата онаму каде најмногу боли.
Откако Ферит ќе увиди сам дека неговата свршеница го изневерува, без збор и глас, заминува од местото, далеку во суровиот и голем Истанбул.
И токму таму, ја запознава Ајше, убава и чесна девојка која ќе го маѓепса Ферит и ќе му даде трошка надеж во неговто рането срце, обвиено од очај и разочарување. Затоа, тој смислува план со кој ќе се одмазди на оние што го повредија и ќе ја врати гордоста која судбината му ја одзеде.
Тој ѝ нуди на Ајше лажен брак во замена за голема сума пари. Девојката би останала во брак во Антакија најмногу шест месеци и по раскинувањето на договорот, ќе си продолжат со животот, одвоено. По игра на судбината, Ајше ќе мора да го прифати непристојниот предлог, да замине со Ферит во место кое не го познава и да стане сопруга на човек кој сè уште не го запознала доволно.
И токму таму, далеку од големиот град, таа ќе се соочи со нов свет кој за неа дотогаш беше непознат. Свет во кој царуваат строгите правила на традицијата и каде класните разлики го дефинираат секој чекор од животот.
Свет во кој ќе мора да се избори со доминантната свекрва и со сплетките кои престојат од Ханде и Јаман. Свет во кој само ранетите срца ќе може да победат и да се издигнат над лагите, клеветите и омразата.
Од понеделник до петок во 19.50 часот, следете “Ранети срца” на Сител.
Дани | ТВ Пакет