Почетна / Сапуници / Потсетете се како започна интригантната „Добрина“ на Сител

Потсетете се како започна интригантната „Добрина“ на Сител

Oд понеделник до петок на Сител оваа пролет имате можност да ја следите интригантната турска серија “Добрина” која секојдневно ја освојува македонската публика. За сите оние кои го пропуштија почетокот или сакаат да се вклучат во приказната, ве потсетуваме како започна мега хитот “Добрина”:

Навидум се чини дека Неслихан има сè – богата и убава, омажена за човек кој вредно работи во холдингот на нејзиното семејство. Таа е посветена на својот сопруг Мурат и нивните деца.

Но, совршениот живот на девојката е замок изграден од песок кој неочекувано еден ден, во еден миг ќе се сруши со сите илузии во кои таа живееше. Една средба ќе ја открие болната вистина и ќе ѝ ги отвори очите кои несвесно ѝ беа затворени.

Додека Неслихан мисли дека живее совршен живот, дознава дека личноста на која најмногу ѝ верува, нејзиниот сопруг, ја изневерува долго време со Дамла, која неодамна ја запозна и ја смета како своја сестра. Разочарувањето станува поголемо од задоволството, а среќата за миг се претвора во гнев, омраза и желба да се одмазди за тоа што ѝ го сторија.

Под товарот на измамата, Неслихан ќе треба да избере дали ќе остави сè или ќе собере сили за најтешката борба што претстои во оваа драматична приказна.

21.20 часот, веднаш по “Ранети срца” следете “Добрина”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!