Почетна / Серии / Хумор во 80-тите во хрватската серија „Crno-bijeli svijet“ на МТВ 1

Хумор во 80-тите во хрватската серија „Crno-bijeli svijet“ на МТВ 1

Време кога младите ги почитуваа старите, време на закон и ред, тоа е црно-бел свет! Нова серија на МТВ 1 во 20.30 часот, од понеделник до петок.

Хрватската хумористична серија следи две загрепски семејства од почетокот на 80-те години. Поради автентичните костими, шминката, ентериерот, возилата, звукот и архивските материјали, ќе доживеете вистинско враќање во 80-те!

Секојдневните службени и приватни случки во серијата се испреплетуваат со тогаш актуелните општествени случувања, ритуали, навики и неволји ( смртта на Тито, служење војска, шопинг во Трст, рестрикции на струја, недостиг на разни производи, возење „пар-непар“…), …

… што заедно со сигналите и симболи од почетокот на 80-те (рок и поп евергрини, весници и списанија, познати ТВ-серии и филмови, бучни натпревари, први знаци на потрошувачкото општество на иднината…) ја создаваат претпознатливата слика на тоа време запаметено по општата либерализација на општеството и неверојатната експлозија на креативна урбана енергија.

Улогите ги толкуваат Филип Риџички, Славко Собин, Јелена Михољевиќ, Франњо Кухар, Сретен Мокровиќ, Аница Добра, Карло Малоча, Каја Шишмановиќ, Елизабета Кукиќ и др.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

error: Содржината е заштитена!