Серија базирана според вистинска приказна за највлијателната антепска фамилија – Корхан ексклузивно на Канал 5, од понеделник до петок во 22.40 часот. Во продолжение ве запознаваме како започна приказната за златното момче, наследник на големо богатство.
Халис Корхан е сопственик на голема империја за накит и глава на семејството Корхан. И покрај тоа што неговиот син Орхан и најстариот внук Фуат го водат најголемиот дел од бизнисот, тој сепак ги носи најважните одлуки.
Неговиот помлад внук Ферит е неодговорен млад ерген, проблематичен за угледот на познатата еснафска фамилија. За да се заштити од скандали и озборувања, стариот ќе одлучи да го ожени со девојка од родниот крај.
Веста дека Халис Корхан бара невеста за својот внук ќе дојде како гром од ведро небо во конакот на Ќазим ага во Газиантеп. Единствената надеж на Ќазим да се збогати се неговите прекрасни ќерки Суна и Сејран.
Откако Корханови се одлучуваат за постарата ќерка, семејството оди во Газиантеп за да ја побараат раката на Суна. Пред церемонијата, Ферит и Сејран случајно се среќаваат во една антепска продавница што ќе биде пресудно за пресвртот што следува..
Животот на двете сестри засекогаш се менува кога Ферит ќе се омажи за Сејран наместо за Суна. Сејран ќе биде новата невеста во семејството полно со предавства, лаги и тајни.
Серија која за краток период привлече голем број обожаватели, стана феномен на социјалните мрежи и ги руши сите рекорди на гледаност во Турција.
Дани | ТВ Пакет