Напредната технологија станува несигурна и опасна за оние што ја користат. Доказ за тоа е последниот пример каде 11-годишно детенце се здоби со тешки изгореници на нозете откако Блекбери телефонот на неговиот 13-годишен брат се запалил во постелата.
Имено, малиот Киан Мекгрет од Ковентри се разбудил со силна болка откако парче стопена пластика од телефонот започнала да му ги гори нозете. Мајката на Киан брзо реагирала и веднаш го однела во Универзитетската болница. Семејството на Киан по овој инцидент побара моделот на Блекбери, популарниот Curve 9320 да се повлече од продавниците. Телефонот бил на неговиот брат Мејсон кој го добил како подарок за 13-тиот роденден.
Крис Манев | ТВ Пакет