На сите посетители и уживатели на модата, Саем на Жена им нуди вистинско модно уживање.
Со почеток во 17:30 до 18:30 модна ревија – Жената и Романтизмот, Академија и Студио Леонтиќ. Оваа ревија го покажува талентот и кретивноста на средношколците и курсистите од Академија Леонтиќ заедно со асистентите по практична настава.
Второто модно шоу е на здружението Дезен со почеток во 18:30 до 18:50 часот.
Следува музичка пауза со настапот на Пламенка Трајковска во 18:50-19:10 часот.
Во 19:10 ќе ја проследите модната ревијата на дизајнерките Катерина Попева, Марија Дачевска и Марија Домазетовска. Нешто поинaкво, инспирирано од имагинацијата и магијата. „Imagine the Magic“ колекцијата претставена од брендот „Hard to Explain“. Магијате е моќ која помага да се надминат сите умствени и физички ограничувања на човекот. Оваа дефиниција е пресликана во колекција која го презентира замислениот имагинариум во кој владее Магијата.
Последната модна ревија ќе ја проследите од 19:30 часот кога ACID WEAR ќе ја презентира својата колекција за Зима 12/13 инспирирана од јапонските анимирани филмови. ACID WEAR ја рефлектира уличната мода, креаторката Сандра успешно стои зад оваа приказна веќе 17 години. Акцентот во оваа ревија е ставен на волуменот, големи капути, тесни панталони, додатоци за околу врат и слоевити здолништа. Колку е во текот на денот нагласен волуменот толку тие правила омекнуваат навечер. Ќе уживате во лежерноста на новата колекција на ACIDWEAR.
Бидете дел од вистински моден спектакал, затоа што современта жена ги следи најновите модни трендови. Саем на Жена во неколку часовно модно шоу ќе ги испрезентира токму нив.
Саем на Жена, Саем за современи жени кои го следат модниот тренд. Од 7 до 9 декември на Скопски Саем (3та хала).
За повеќе информации посетете ја веб-страницата: www.saemnazena.mk
| ТВ Пакет