По завршувањето на втората сезона од “За семејството”, од понеделник до петок во истите термини ќе се емитува новата класична турска серија “Ада”. Која е Ада, девојката со тажната судбина, прочитајте во продолжение.
Ада била само мало девојче кога нејзината мајка починала и нејзиниот злобен вујко се согласил да ја прими кај него дома. Сега таа е 19-годишна млада девојка која живее во едно зафрлено село и го поминала целиот свој живот служејќи му на својот вујко и инвалидната тетка. Дури и парите кои ги заработува одат за поддршка на алчноста на нејзиниот вујко. Мачен и жален е нејзиниот живот, особено кога работите стануваат од лоши полоши.
Еден ден, таа го губи паричникот, во кој е писмото што нејзината мајка ѝ го напишала непосредно пред да умре. Воедно, и нејзиниот вујко договара брак за неа со еден ситен криминалец. Ада е очајна и не гледа излез од ситуацијата, но тогаш, сосема случајно го запознава Јусуф, кој го нашол писмото што го изгубила и сега дошол да ѝ го врачи., бидејќи и самиот бил сирак и знае како е тешко да се живее така.
Тој ја разбира нејзината ситуација и ѝ предлага да побегне со него, далеку од тоа место, далеку од таа мака и јад. Ада го прифаќа предлогот и го напушта местото, заминувајќи со Јусуф во големиот град. И токму таму, во Истанбул, за Ада следуваат исто така тешки мигови.
Мигови на љубов, солзи и интриги, но и мигови на страв од она од кое избега. Од оние кои сега ќе ѝ стојат постојано зад петици.
Дани | ТВ Пакет