Ексклузивно TalkShow со специјални гости предводено од динамичната Весна Петрушевска – Бејби
Саем на Жена и оваа година Ви овозможува да бидете дел од едно феноменално TalkShow на тема Современата жена во Македонија и сексот, кое ќе го предводи динамичната и секогаш оригинална Весна Петрушевска-Бејби, која е одличен пример за тоа што значи денес да се биде успешна и современа жена без општествени стеги и влакна на јазик.
Гостите ќе имаат можност да го искажат своето размислување за современата жена, дефиницијата за тоа што значи да се биде таква жена и дали сеуште сексот и во 21 век кај современите маж/жена претставува табу тема? Заведување, секс игри, трикови во кревет и се останато што е дел од современиот начин на живот на жените и една сосема нормална потреба на сите луѓе.
Бидете и вие дел од ова скокотливо, провокативно, пред се едукативно и информативно шоу во кое нашите гости Нора Шакири, Виктор Петров – Виксаи Др. Вера Јовановска-психолог дефинитивно ќе допрат многу интересни теми и ќе го задржат максимално вашето внимание! Се гледаме на Саем на Жена, 8 декември (сабота) со почеток во 19 часот на Скопски Саем (3та хала).
За повеќе информации посетете ја веб-страницата: www.saemnazena.mk
| ТВ Пакет