Почетна / Сапуници / Хурем во „Мирисот на љубовта“, турскиот Бред Пит во „Украдено минато“

Хурем во „Мирисот на љубовта“, турскиот Бред Пит во „Украдено минато“

Нови и актуелни хит серии на кабловскиот Дизи канал, претходно емитувани и на националните Сител и Канал 5. За љубителите на турските серии, овојпат со титл на Дизи.

„Мирисот на љубовта“

Селин е девојка која живее во мало гратче во Франција. Вљубеничка во природата и во сите убавини на животот, таа е сопственик на работилница за парфеми која што е свртилиште на прекрасни луѓе. Нешто за што потајно сонува, е да го создаде мирисот на љубовта, но свесна е дека тоа нема да се случи додека не се заљуби и не ја вкуси љубовта со сите нејзини мириси.

Картал е млад бизнисмен од Турција, пораснат како посвоен син на Азис Алкан. Амбициозен, успешен, посветен, пожртвуван, сé додека не го почувствува мирисот на љубовта. На едно службено патување во Франција, неговиот живот се претвора во бајка.

Ја запознава жената со најубава насмевка и со најсветли очи од кои што грее љубов и копнеж за живот со страст.

„Мирисот на љубовта“, секој работен ден од 17:30 на Dizi.

„Во виорот на судбината“

Ова е приказна за богатата фамилија Јорукан чија желба за моќ и наследство е посилна од се’ друго. Најстариот син е згодниот Караман и тој е оној кој треба да подари внук наследник во семејството затоа што тоа и се очекува од него.

По една трагична и несакана несреќа, неговата сопруга Дефне, ја губи можноста да забремени, поради што и по неколку години мајката на Караман сѐ уште ја прекорува. Караман ги моли родителите да ја прифатат ситуацијата онаква каква што е, и да се соочат со фактот дека снаата нема да им подари внук.

Од друга страна, ја запознаваме убавата Елиф, работничка на плантажата за калинки на Јорукан, чиј татко Дурмуш сака со сила да ја омажи за Максут. Откако нејзината мајка ќе го убие татко и, Елиф е во безизлезна ситуација. Но, тогаш доаѓа неочекуван предлог од страна на госпоѓата Кијмет, мајката на Караман.

Таа и предлага на Елиф да стане сурогат мајка, односно да го носи плодот на Караман и Елиф во нејзиниот стомак девет месеци, да го роди и да им го предаде, а за возврат да ја извади мајка и од затвор и да и помогне парично.

„Во виорот на судбината“, секој работен ден од 16:40 на Dizi.

„Украдено минато“

Тахсин е главата на богатата фамилија Корлудаг, која со својот авторитет и моќ, има големо влијание во општеството.

Неговата ќерка Сухан е успешна и независна девојка, која има свој бизнис со брендирани парфеми. Откако нејзината золва ќе реши да ја убие Сухан и ќе ѝ намести несреќа за да загине, еден странец ќе ја спаси девојката.

Тој странец е русокосиот убавец Џезур, кој со тој подвиг ќе ја добие наклонетоста не само на Сухан, туку и на господинот Тахсин. Но, никој од богатите не ни може да претпостави која е намерата на Џезур. Тој се вратил во гратчето со една и единствена цел – одмазда кон фамилијата Корлудаг поради грешките од минатото за кои го обвинува господинот Тахсин.

„Украдено минато“, секој работен ден од 19:00 на Dizi.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!