“Марсеј” е француска драмска телевизиска серија во две сезони по 8 епизоди, создадена од Ден Франк со Жерар Депардје во главната улога. На Телма телевизија ќе ја гледаме од понеделник до петок во 20.25 часот, започнувајќи од четврток, 27 април.
По 20 години како градоначалник на Марсеј, Роберт Таро (Депардје) влегува во војна за градоначалничкото место со неговиот поранешен штитеник, а сега ривал, Лукас Барес (Беноит Магимел).
И двајцата се членови на партијата „УПМ“, заснована на централно-десничарската УМП (Сојуз за народно движење). Предавството ја разгорува горчливата војна помеѓу мајсторот политичар и неговиот гладен млад штитеник во оваа приказна за корупција, заведување и одмазда.
Битката за срцето на Марсеј се вжештува кога десничарските националисти добиваат моќ и мрачна завера е насочена кон саканиот фудбалски тим на градот.
Дани | ТВ Пакет