Нова викенд сага на Сител телевизија чие дејство се одвива во 40тите години од минатиот век. “Забранета љубов” е серија за два света.
Едниот богат, безмилосен и суров, другиот скромен, намачен и праведен. Два света кои ќе ве пренесат во едно време на големи разлики, но и време на големи романси каде честта и престижот ќе се бранат по секоја цена.
Давут е сиромашен рудар, кој работи во рудник за јаглен заедно со неговиот татко и неговите браќа. Човек со срце големо како планина и неуморлив дух за работа за да се прехрани фамилијата и да се преживее од ден за ден.
Но, една трагедија во рудникот ги менува животите на ова семејство и на сите мештани. По смртта на деветмина рудари, меѓу кои и таткото на Давут, младото момче станува бесно и гневно, знаејќи дека сето тоа е последица на тиранијата на Малик, кој ги експлоатира луѓето за свои потреби.
Давут е решен по секоја цена да ја одмазди смртта на татка си и да се спротистави на неправдите кои се случуваат на тоа парче земја.
Но, токму тогаш тој ја запознава Ѓулфем, една од ќерките на господинот Малик. Убава, храбра и тврдоглава, растена во раскош и богатство на имотот на нејзиниот татко, несвесна за неговиот однос кон сиромашните селани.
Со текот на времето, таа почнува да ја разбира борбата за права и правда на Давут, а тој постепено почнува да се вљубува во неа.
Но, нејзиниот татко не сака да дозволи љубов на неговата ќерка со човекот кој му посакува убиство и кој е закана за неговото владеење во таа земја без закони. Земја каде крвта допрва ќе се пролева, а каде забранетата љубов е единствено нешто кое може да ја сопре таа крв.
Секоја сабота и недела на Сител ќе се емитува “Забранета љубов”. Уште една од редот на најдобрите.
Дани | ТВ Пакет