Тоа утро, Лукреција доби писмо од Анибал дека ќе ја чека покрај водопадот, на местото каде што реката се влеваше во езерото, онаму каде што природата беше недопрена.
И беше потребно повеќе од половина час на Лукреција да го најде местото.
– Лукреција, те чекав, – рече Анибал, вадејки ја шапката од својата глава.
– Одвај успе
Одмазда – љубов и смртна казна
Продолжение 24 – „Договор“
Антониета – жената која бара било каков начин да го освои својот Господар
Тоа утро, Лукреција доби писмо од Анибал дека ќе ја чека покрај водопадот, на местото каде што реката се влеваше во езерото, онаму каде што природата беше недопрена.
И беше потребно повеќе од половина час на Лукреција да го најде местото.
– Лукреција, те чекав, – рече Анибал, вадејки ја шапката од својата глава.
– Одвај успеав да го најдам местово, извини, – рече таа, барајки ја неговата прегратка и бакнежи, но тој пристојно ја одби.
– Те побарав да се видиме тука, бидејки морам да разговарам со тебе.
– Не можеме ли друг пат да разговараме? Цела ноќ те сонував, – рече кокетно.
– Лукреција, те молам…
– Да чујам, што имаш да ми кажеш.
– Она што го чуствувам за тебе е грешка. Тоа што го правиме е грев и свесен сум за тоа.
– Нема потреба на тоа да гледаш така, Анибал, смири се…
Нејзинот глас му влеваше доверба и мир, а нејзиниот сензуален поглед – потреба.
– Јас те љубам, Лукреција. Те љубам со сето мое срце, – рече во еден здив и ги побара нејзините сочни усни кој можеше да ги љуби до крајот на времето, тука, под недопрената природа, бескрајното зеленило и шумот на дивата река.
Трите жени, една до друга построени стоеа во топлата кујна, каде што на врелата печка се подготвуваше ручекот. Марија Грација, нејзината ќерка Моналиса и Кристина стоеа наспроти Антониета која ги извршуваше своите наредби.
– По барање на дон Фасуто, Крситина ќе работи со вас од денес во куќата. Кристина, не сакам мување без потреба низ куќата…
– Да, госпоѓице.
– Не сакам безпотребно да им се обраќаш на газдите и најмалку да се дружиш со вработените.
– Тука ќе имаме проблем, госпоѓице Антониета, – се замеша Моналиса. – Мојата тетка ја познаваат сите работници…
– Замолчи, Моналиса!
– Со сета должна почит, госпоѓице, но оваа жена никогаш нема работено нешто вакво, – рече Марија Грација, презирно погледнувајки во родената сестра. – Јас мсилам дека не ни знае како се пере.
– Ти и Моналиса ќе ја научите се што треба да знае.
– Јас не знам дали ќе имам време, покрај сите обрски во оваа куќа, – веднаш се огради постарата сестра.
– Зарем не ја слушна госпоѓицата, Марија Грација?, – праша Кристина. – Ќе ме научиш да работам и точка!
– Замолчете!, – дрско ги опомена Антониета. – Ако сакате да се расправате, тоа ќе го правите надвор. И ако видам дека се расправате како две кокошки, јас лично ќе се погрижам и двете да останете без работа, – додаде Антониета и ја напушти кујната.
Истовремено, Енцо ги извршуваше своите дневни обрски во дворот. Беше задолжен да ги исцепи седумте кубика дрво кои само што беа донесени во шупата за огрев. Неговата ленена кошула се прилепуваше за неговото испотено тело, кога до него пријде Елиса, со бокал студена лимонада и една стаклена чаша.
– Енцо…
– Госпоѓице Елиса. Како сте? Дали Ви е подобро?, – ја праша откако ја спушти секирата и со ракавот ја забриша потта од своето чело.
– Многу подобро, благодарам. Немав можност да Ви заблагодарам за тоа што ми го спасивте животот оној ден.
– Ми беше задоволство. Не би сакал животот да го згасне препрано една толку убава и млада госпоѓица како Вас…
Ваквите зборови направија да и поцрвенат образите на Елиса.
– Ова е за Вас, – рече подавајки му го бокалот со лимонада. – Од тремот видов дека работите напорно и помислив дека ќе ви годи чаша лимонада.
– Многу сте љубезна, госпоѓице…Не сакам да се мешам, но зошто го сторивте тоа? Зошто влеговте во водата со таква намера…
– Можеби бидејки не сум задоволна од животот…
– Вие незадоволна? Но, погледнете околу Вас, имате се за да бидете среќна.
– Ми недостасуваат многу нешта…Но, сега не сакам да зборубвам за тоа.
– Извинете, – рече Енцо, посегнувајки веќе по втората чашка лимонада. Елиса не можеше да го отргне погледот од него. Од тие сини очи, неговите силни машки раце и раскопчаната кошула преку која се гледаа неговите затегнати, мускулести гради. Не сакаше да биде фатена како го гледа, па брзо рече;
– Слушнав дека Вашата сестра од денес работи за нас. Можете да и кажете да дојде подоцна со мене во подрумот, имам некои стари алишта кои можеби би и послужиле.
– Многу сте љубезна, госпоѓице, Ви благодарам.
Таа благо се насмевна и се врати назад кон куќата. Енцо продолжи со својата работа, сега со повеќе енергија поради свежата лимонада…
Првата работна задача која Кристина ја имаше тоа претпладне на Темпестад, беше темелно да го изриба дрвениот под во кујната. Сонцето кое продираше низ прозорците и лонците со храна кој вриеа на шпоретот на дрва нималку не и ја олеснуваа таа работа, која ја препотуваше. Во еден миг почуствува нечија сенка зад себе и пред да успее да се заврти го слушна длабокиот глас на Фаусто.
– Ме радува што те имам во мојата куќа, Кристина. Од сега па натаму ќе те имам за себе кога и да посакам, без да треба да одам да те барам во селото. Но, те предупредувам, немој ни да си помислила да кокетираш со моите синови. Сега ќе бидеш само моја.
Таа кокетно се насмевна, додека тој не можеше да го тргне својот поглед од нејзиното длабоко деколте. Градите практично и беа сервирани на подот кој го рибаше.
– Се гледаме вечерва во мојата соба, – рече тој за крај, ја плесна по задницата и замина од кујната.
Естер уживаше во дневната прошетка по градината. Со чадор за сонце пријде до големата фонтана, онаму каде што птиците во секое време потсвирнуваа свои мелодии, а шумата беше толку близу што воздухот го правеше полесен за дишење. Пријде до фонтаната и со прстите помина по студената вода, кога од зад грб и пријде Енцо, рецитирајки една од неговите омилени поеми;
– „Дојди и прегрни ме, заедно да одиме во земја со цвеќиња и природа, да запловиме во река на задоволства…„
– Никогаш не сум ја слушнала таа поема, – рече таа нежно, како да се топеше пред неговиот поглед.
– Можам да ти ја позајмам збирката поезии да ја прочиташ. Што велиш да се најдеме подоцна? Само кажи каде и ќе бидам таму. Морам да те видам.
Кристина речиси завршуваше со полирањето на кујнскот под. Тешката, домашна работа ја испоти повеќе одшто очекуваше. Деколтето и беше влажно од пот, а косата речиси спласната, но и во таква позиција беше привлечна и сензуална, помсили младиот Рикардо кога ја здогледа наведната на подот, со своите заносни облини.
– Добредојде на Темпестад, Кристина, – и посака момчето, клекнувајки до неа на влажниот под.
– Господине Рикардо, помислив дека сте ме заборавиле.
– Кој може да заборави кобила како тебе, Крситина?
– Подобро да не не видат заедно, не сакам да си имам проблеми.
– Мене повеќе ми се допаѓаш кога вршиш други обрски, – додаде тој, не можејки да го отргне погледот од нејзиното деколте. Практично, кошулата и ги криеше само брадавиците.
– Кои обврски?, – го праша таа сензуално, пучејки ги своите усни.
– Добро знаете за што зборувам, Кристина, – одговори тој зграпчувајки ја нејзината задница.
– Качете се во Вашата соба, јас за кратко ќе дојдам.
– Не се задржувај, – рече момчето и полно со живот ја напушти кујната.
Антенор ја хранеше новата ждребица која Ла Хитана ја роди пред неполни дваесет и четири часа во шталата. Занесен, не ни забележа кога до него пријде Антониета, давајки им знак на другите работници да ги остават насамо.
– Госпоѓице Антониета…Сакате да одиме кај реката?, – беше првото нешто кое му падна на ум кога ја здогледа.
– Не, тука сум за нешто друго. Синоќешните случувања ме оставија без сон.
– Не грижете се, Антониета, дон Фаусто ангажираше работник да чуваат стража секоја ноќ од сега.
– Сепак. Доаѓањето на твојот зет ми делува многу сомнително. Нешто ми вели дека тој човек не е од доверба.
– Ниту на мене не ми се допаѓа воопшто тој сезнајко.
– Не верувам дека е така добар како што се претставува.
– Што сакате од мене, госпоѓице?
– Да го надгледуваш. Да ме информираш за секој негов чекор. Сигурна сум дека ќе добиеме изненадување. Сакам јас да бидам онаа која ќе го разоткрие пред Фаусто.
Барањето на Антониета беше и повеќе од јасно.
Тоа претпладне, пред самиот ручек, во собата со пијано, Елиса мирно работеше на својот гоблен, додека Алис немирно талкаше низ собата не знаејки што со себе. Запали цигара и пријде до својата роднина.
– Сношти не ми кажа се, Елиса.
– Што тоа?
– Не ми кажа во кого си вљубена?
– Зошто те интересира?, – праша младата дама, избегнувајки го чадот од цигарата кој ја следеше.
– Само сум љубопитна.
– Навистина не можам да те разберам, Алис.
– Се работи за маж, претпоставувам.
– Секако дека се работи за маж. Мислиш дека мене ми се допаѓаат жени?
– Елиса, те молам. Само сакав да знам за кој се работи.
– Подобро да не зборуваме на таа тема, – отсечно рече девојката, враќајки се на својот гоблен.
– Ти сеуште немаш доверба во мене и покрај нашиот вчерашен разговор?
– Не е тоа, само што…Ако моето семејство дознае никогаш нема да ме подржи.
– Зошто?
– Бидејки се работи за човек кој не е од нашиот социјален сталеж, – одговори Елиса тивко, гледајки околу себе да не наслушкува некој. – Тој е скромен и едноставен маж. Најзгодниот и најхрабриот маж кој сум го запознала. Никогаш не верував дека ќе се заљубам вака, но колку и да се обидувам да го тргнам од мислите, секој ден се повеќе мислам на него.
Естер имаше внатрешна потреба да ја сподели својата среќа со некого. Она што сношти го доживеа со Енцо беше најубавото нешто кое и се беше случило со години. Ја затвори вратата од собата на Лукреција и ги сподели сите сочни детали со својата братучетка.
– Не можам да поверувам во тоа што ми го зборуваш, Естер, – Лукреција и призна на својата роднина со широка насмевка на лицето. За неа Естер секогаш беше здодевна и пасивна, ниту на сон не можеше да помсили дека би се осудила на таква авантура.
– Ниту јас не можев да замсилам дека ова ќе се случи.
– Но, благодарение на бога се случило. Погледни се само. Блескаш. И? Дали си вљубена?
– Не знам.
– Каков излишен одговор. Очигледно е дека си вљубена. Да не беше мажена, сега ќе отидеше бегалка за него.
Естер се закикоте.
– Дојдов да побарам помош од тебе, Лукреција. Тој сака да одиме на прошетка. Потребен ми е твојот грб.
– Секако.
– Ќе се најдеме кај старата воденица, – додаде Естер, ставајки ја својата рака преку устата.
– Но, предходно мораш да ми го кажеш неговото име.
– Енцо. Енцо Анџели.
По ручекот, Енцо влезе во својата соба и од плакарот го извади единсвеното свечено одело кое го имаше. Во беж боја со строга јака на палтото, во него делуваше како да ќе оди на свечена забава.
– Морам да зборувам со тебе, брате, – рече Марија Грација откако ненајавено влезе во неговата соба. – Не сакам да се расправаме, најмалку поради Кристина.
– Требаше да ми кажеш дека нашата сорела не е на прав пат уште кога дојдов на Темпестад, сестро, – ја прекори тој, додека ја поправаше јаката пред огледалото.
– Да, знам ,- покорно рече Марија Грација. – Но, немав храброст. Те молам прости ми, мио фратело.
– Ва бене.
– Грацие. Само се надевам дека нема да зажалиш по се што правиш за неа.
– Тоа што и помагам на Кристина? Никогаш нема да се покаам за тоа, Марија Грација. Сега морам да одам, – додаде тој, посегнувајки по својата шапка.
– И каде си тргнал така дотеран?
– Имам работа.
– Мадона миа, – крикна Марија Грација. – Не ми вели дека ќе одиш да се видиш со…
– Догледање, Марија Грација.
– Не, Енцо, те проколнувам немој да одиш. Ако отидеш ќе ја направиш најголемата грешка во својот живот, фратело. Енцо, сослушај ме. Госпоѓа Естер не е само жена на Господарот. Госпоѓа Естер е и жена на…
Марија Грација ја поклопи својата уста, плашејки се дека ќе изговори нето што не смее. Но, веќе беше предоцна.
– Што сакаше да кажеш со тоа?, – инсистираше Енцо.
– Ништо. Ти си возрасен маж, сигурна сум дека знаеш што правиш.
– Секако дека знам, – рече тој уверено и ја напушти собата.
Марија Грација седна на креветот, прегризувајки си ја устата која за малку ќе направаше незгода. Фалеше многу малку да ја каже вистината на мама Тили. Да сподели дека Фаусто и Енцо се браќа.
Продолжува во понеделник…
Следната недела ќе читате…
Естер со поглед го бараше Енцо. Имаше лошо претчуство во утробата. Се плашеше дека можеби Фаусто нешто се посомневал. Барајки го со погледот, се сепна на еден камен но Фаусто ја задржа со своите силни раце.
– Вакав асакам да те гледам, – и рече, држејки ја цврсто за себе. – Потчинета и само моја. Ти сеуште си најубавата жена која некогаш ја виделе моиве очи, Естер, – додаде и почна да ја љуби диво.
– Анибал, јас не сакам да страдаш ниту сакам да ти го комплицирам животот.
Ја зеде нејзината рака. Сакаше да го гледа во очи кога ќе и го постави прашањето.
– Дали ти ме љубиш, Лукреција?
– Не, – му одговори кратко и директно.
– Сметам дека овој брак нема смисол.
– Ти си сериозен?, – на лицето на Алис се развлече насмевка.
– Да, залудно е да договараме брак кога никој од нас не го љуби другиот.
Јовица Крстевски | ТВ Пакет