Максимо (Еухенио Дебрез), латино љубовник чија животна филозофија е заведување постари жени, е женет со двојно постара жена. Но по 25 години размазен и досаден брак, сопругата го остава поради помлад продавач на автомобили.
Присилен да ја напушти вилата, тој се сели кај неговата сестра (Салма Хаек) и внукот Хуго (Рафаел Алехандро). Максимо по секоја цена сака повторно да живее луксузен живот. Убава прилика му се укажува кога внукот го запознава со бабата (Ракел Велч) на неговата симпатија.
Американската комедија “How to be a latin lover” (2017) ќе ја гледате во четврток (11 мај) на МТВ 1 со почеток од 23.40 часот.
Дани | ТВ Пакет