Почетна / Сапуници / Наместо премиери, Телма со реприза на мексиканска новела

Наместо премиери, Телма со реприза на мексиканска новела

Прмеиерно емитувана оваа сезона, а сега повторно на малите екрани. Мексиканската теленовела “Ти го давам животот” со реприза од понеделник до петок во 13.30 часот, а премирните изданија беа емитувани дури и порано, во 11.35 часот.

Ова е приказна за две семејства кои доаѓаат во контакт преку шестгодишниот Нико, дете кое со месеци се бори со тешката леукемија.

За Елена и Ернесто, единствениото решение е да ги пронајдат биолошките родители на Нико, за да го спасат животот на своето посвоено дете. Од тој момент, дотогаш среќното семејство е ставено пред голем предизвик.

Мајката не успеваат да ја пронајдат, но ќе го пронајдат Педро, татко му на Нико, кој е шокиран од веста дека воопшто има син.

Откога ќе се увери дека Нико е навистина негово дете, Педро без поговор се согласува да биде донор на коскена срцевина.

Еренесто и Елена му се благодарни, но го замолуваат да не биде во контакт со детето. Педро прифаќа, убеден дека момчето има убав живот со нив и дека за него нема место во неговиот живот… Но, судбината за нив има поинаков план.

Серијата од Телевиса повторно на Телма. За споредба, досега се нема случено на национална телевизија да се репризираат вакви теленовели, а пример се А1, МРТ, Сител кои на времето емитуваа многу серии од продукцијата на Телевиса.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!