Иако претходно беше најавено дека поставените новогодишни сијалички во Скопје ќе блеснат на 15. декември, сепак, таткото на градот, градоначалникот Коце Трајанов одлучи тоа да се случи вчеравечер поради брзо завршената работа на ангажираната фирма. 18-метарската бела елка поставена на плоштадот Македонија блесна во сина боја, а вклучено беше и ѕвезденото небо поставено на повеќе булевари низ градот. Целиот плоштад е украсен во бела боја, а ова е само дел од овогодинешното спектакуларно украсување на Скопје.
фото: Сител, Фејсбук
{gallery}122012/01{/gallery}
Крис Манев | ТВ Пакет