После голем број критики дека освен во Скопје и на лето во Охрид никогаш Авалон не се обиделе да работат светски имиња и во останатите градови во Македонија, најдобрата продукција реши да стави крај на тоа.
По повод 30 години Авалон Продукција, на менаџментот на Bond му предложија вториот концерт на Bond наместо во Скопје да се одржи во некој друг град… и девојките тоа со задоволство го прифатија.
Изборот падна на Струмица, 20 мај, центар за култура “Антон Панов”.
Квартетот Bond, нарекуван уште и „Spice girls на класичната музика“ е супербренд во светот на музиката кој е истовремено и најпродаваниот гудачки квартет на сите времиња. Како уникатна светска гудачка атракција, Bond имаat продадено неверојатни 5 милиони албуми низ целиот свет, 56 платински и 15 златни тиражи на своите изданија, како и огромен број на распродадени турнеји низ Европа, Америка, Австралија, Централна Америка и Азија.
Влезниците се пуштени во продажва онлајн на avalon.mk и ширум продажната мрежа на Авалон низ Македонија по цена од 1.500 денари.
Дани | ТВ Пакет