Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Дали се оправдани реакциите за новото шоу на Канал 5 ?

Дали се оправдани реакциите за новото шоу на Канал 5 ?

Гледачите останаа шокирани од новото шоу кое започна со емитување викендов на телевизија Канал 5, а се работи за британското гејм шоу “Гола привлечност”.

Британското гејм шоу „Гола привлечност“ за викенд на Канал 5 | ТВ Пакет

Твитер и форумски реакции на згрозување и негодување за прикажувањето на оваа телевизиска емисија која иако се емитуваше во доцен термин од 23 часот, сепак ги разбранува социјалните мрежи.

Па не се нормални жими све.Со кој памет го прават ова?
И плус пред цела публика.Ги глеаат пријатели,нивните семејства,и уопште не им е гајле?

Да им се укине концесија и фреквенција и све по ред. ДНО на толку многу нивоа.:x

Бог да чува и да брани. Потоа не се чудете ако има силувања,убивања во Македонија….

Секакви глупости дознавам преку форумов, а ова шоу сигурно има многу евтина откупна цена.

Се потсетив сител кога пушташе т.н. “голи вести” на полувремиња од фудбалски натпревари кои ги гледаше половина држава, воедно и ние, тогаш малолетни деца, па ајде, менувај канал на паузата.

Нема што ново да се каже, телевизии водени и програмски уредувани од напалени чичковци со низок интелект, ништо поарни не се гледачите на се што им сервираат.

Смешно. Глупаво. Луѓево па никакви. Дебели, развисени, обесени, тетовирани, пирсови. Мајка ми е погодна од овие. Бог да чува.

Ова се само дел од коментарите, па  очигледно на гледачката публика им привлече внимание емитувањето на ова телевизиско шоу и своите ставови ги изразија на социјалните мрежи.

Британското гејм шоу „Гола привлечност“ за викенд на Канал 5 | ТВ Пакет

Веќе неколку години, шоуто “Naked attraction” се емитува на британскиот Channel 4, кои се познати и со вакви контроверзни програми. Иако имаше критики, радиодифузната мрежа во Британија не најде ништо спорно во емитување на оваа емисија со оглед дека не се прикажани никакви сексуални дејствија.

Но, македонските гледачи сметаат нешто поинаку. Навикнати на синхронизирани турски серии и политички емисии, очигледно им засмета емитување на ваков тип на забава во која се прикажуваат голи тела на мажи и жени и се коментира изгледот на гениталиите.

За дел од гледачите скандалозно и невкусно, но дали се оправдани ваквите реакции или едноставно овој тип на телевизиска програма треба да се сфати само како забава ?

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова сезона од фолк емисијата „На здравје“ секоја недела на Алфа

Четвртта сезона од музичката фолк емисија “На здравје” на Алфа телевизија. Секоја недела од 16.15 …

error: Содржината е заштитена!