Го дочекавме и тој ден, некој згазна по делото на Тоше Проески! Пејачот од Малта што на многумина им е познат како дел од евровизиските претставници во 2001. и 2006. година, го препеа големиот хит на Тоше Проески The hardest thing од неговиот истоимен албум.
31-годишниот пејач Фабрицио Фаниело веднаш беше нападнат од илјадници фанови на нашата мегаѕвезда, па мораше да се оправда дека дозвола за препев добил од самиот автор на The hardest thing. Од фондацијата на Проески за „Бекстејџ“ изјавија дека не знаат за такво нешто.
Крис Манев | ТВ Пакет