Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Најпознатата Македонка на Инстаграм: Мажите се плашат да ми пријдат

Најпознатата Македонка на Инстаграм: Мажите се плашат да ми пријдат

Во минатонеделното издание на „Нешто конкретно”, Снеже Велков своите гости ги праша дали жената треба да е врзана за домот, а мажот за кариерата? Да се држиме до традицијата или да одиме кон новите правила?

Гостите со особено различни ставови на оваа тема беа Горан Герасимовски, Драгана Спасовска, Јордан Митев и  Др. Даниела Цветановска Стојчева.

И додека мажите во студиото влечеа малку повеќе кон традиционалната страна, жените беа полиберални. Даниела се изјасни дека таа обожува да готви по дома, бидејќи љубовта доаѓа преку стомакот, но смета дека и треба да се посветува на својата кариера и личниот живот, додека Драгана по готвењето не е, според неа треба да се посвети целосно на кариерата, а кога ќе го пронајде вистинскиот партнер со него ќе јаде по ресторани.

Традиционалниот маж, како што соговорниците на шега го нарекоа Јордан Митев остана на ставот дека во домот мора да постои лидер, но нагласи дека тоа може да биде и жената и оти не смета дека секогаш мажот мора да го води домот. Градоначалникот на Центар со задоволство раскажа како самиот некогаш знае да зготви нешто по дома, а што се однесува до жената тој не се согласува дека таа мора да биде врзана за домот, напротив, нагласи дека ја поддржува во патот на нејзината кариера и дека заедно и подеднакво се грижат за се дома.

Гледајте „Нешто конкретно” на Телма секоја недела во 17.00 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова сезона од фолк емисијата „На здравје“ секоја недела на Алфа

Четвртта сезона од музичката фолк емисија “На здравје” на Алфа телевизија. Секоја недела од 16.15 …

error: Содржината е заштитена!