Две заводливи девојки кои се борат во кал, моторџии кои се обложуваат на една од нив и бенд во кој како тапанар се појавува Марко – Тротоар е дел од сценариото кое Томато Продукција го изработи викендов за новиот видео запис на Некст Тајм за истоимената нумера.
„Беше навистина жешко да се свири и да се гледаат две секси девојки како се борат во кал. Сценариото за овој спот е сосема поразлично од она што сме го работеле до сега и сигурни сме дека видеото ќе има рекордна гледсност. Мораме да им се заблагодариме и на моторџиите од клубот „Крос Беарерс“ (Носачи на Крстот) од Велес кои одлично ја одиграа својата улога“, изјавуваат Мартин и Стефан.
„Некст тајм“ се наоѓа на вториот албум на братското дуо и е авторско дело на Лазар Цветкоски. За аранжманот се погрижија Лазар и Мартин, а Стефан и Магдалена Цветкоска Ена го напишаа одличниот текст. Видео записот ќе биде промовиран пред новогодишните празници, после кои ќе излезе и новиот сингл на Некст Тајм.
Крис Манев | ТВ Пакет