Почетна / Сапуници / Волкан од „Неверство“ е сингл, но бил во врска и со „Осветничката“

Волкан од „Неверство“ е сингл, но бил во врска и со „Осветничката“

Џанер Чиндорук е познат 43 годишен турски актер, кој е актуелен со улогата на прељубникот Волкан во Сителовата играна серија “Неверство” која ја следите секоја вечер во 21.20 часот.

Роден е во Адана и потекнува од курдиско семејство. За македонската публика е познат од многу турски серии, меѓу кои и “Имотот на дамата” (Кемал), “Кога лисјата паѓаат” (доктор Назми), “Аманет” (Џиван), “Подарено срце” (Фират), “Тажна жена” (Сарп), “Заробено срце” (Ертан), како и моментално неговата најнова улога на сопругот на Асија во извонредната драма “Неверство”.

Моментално е слободен и не е во врска како што пишуваат турските медиуми, но минатите години беше особено запазен по неговите романси со колешките од сериите.

Па, така, од 2009 до 2013 година бил во врска со Дилара од “Парампарче”, воедно и негова партнерка во “Имотот на дамата”.

По раскинувањето со Ебру Озкан, следува романса со Ѓокче Бахадир, актуелна како Оја од “Осветничка” со која се запознал за време на снимањата на “Лисјата”.

Врската траела две години, а веќе од 2017-та година кратко се забавува со актерката од “Невиност” и “Бурни времиња”.

Последна негова врска за која знае јавноста е со Селим Секерчи, позната по улогите во “Ѕвезда водилка”, “Горка љубов” и “Мојата ќерка”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!