Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Ана Стојановска и Дритон Вејсели во првата македонска доку-серија „Радиус“
Придружете им се на Ана и Дритон во авантуристичките патувања низ времето во новата доку-реалити ТВ серија

Ана Стојановска и Дритон Вејсели во првата македонска доку-серија „Радиус“

Викендов на МТВ 1 и Алсат почна да се емитува новата доку-серија „Радиус” и во моментов најпопуларните македонски актери, Ана Стојановскa и Дритон Вејсели ги видовме во улоги кои ќе ве освојат на прва.

Ана блеска со својата компетитивност и подготвеност за акција. Таа е ранобудник со иницијатива секогаш подготвена за нови откритија. Наспроти неа го имаме Дритон кој е повеќе „турни ме да кинисам”, со телефонот во рака постојано го бара пократкиот пат до целта, а попатно неизбежно ги открива местата со најдобра храна. Не може да не ги засакате поради нивната уникатност, снаодливост и свежиот хумор.

Приказните во секоја епизода се оние кои не поврзуваат но и не прават посебни, поврзани се со културното наследство, традициите и вредностите кои се заеднички за народите на Балканот, вкусната храна и прекрасната природа на регионот, како и луѓето во чии животи и професии се препознава важноста на минатото, но и погледот кон заедничката иднина.

Првата епизода, во која Ана и Дритон ja истражуваат магијата на традиционалното занаетчиство и рачните изработки во Скопје и Призрен веќе е достапна на платформата Gley и на YouTube каналот Радиус. Серијата беше финансирана од Европската унија, во креативна и извршна продукција на ОХО и предвидено е да има 15 епизоди, во првата сезона. Ќе се емитува секоја недела на МТВ 1 од 18.45 часот и на Алсат М од 18.10 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова сезона од фолк емисијата „На здравје“ секоја недела на Алфа

Четвртта сезона од музичката фолк емисија “На здравје” на Алфа телевизија. Секоја недела од 16.15 …

error: Содржината е заштитена!