Во собата влезе и Естер, веднаш откако Антониета и соопшти дека Елиса не е добро.
– Како е моето девојче?, – праша задишано, поради брзиот од од капелата до куќата.
– Подобро сум, – одговори Елиса.
– Можеби треба да побараме доктор, – инсистираше Естер, држејки ја во прегратка саканата ќерка.
– Добро знаеш дека не им верувам на тие пагани, Естер, – одби Фаусто.
– Но, нашата ќерка не е добро.
– Сега ми е подобро, мајко.Разговорот со татко ме смири, – додаде девојката, а ваквиот одговор предизвика блага насмевка кај Фаусто.- Фатете се за рака, тато и мамо. Сакам вака да ве гледам секогаш. Двајцата заедно.
– Пред многу години, твојата мајка и јас се заколнавме на вечна љубов пред Господ. Само смртта ќе може да не раздели. Зарем не е така, Естер?
– Така е, – со грутка во грлото потврди таа.
Одмазда – љубов и смртна казна
Продолжение 26 – „Клевета“
Во собата влезе и Естер, веднаш откако Антониета и соопшти дека Елиса не е добро.
– Како е моето девојче?, – праша задишано, поради брзиот од од капелата до куќата.
– Подобро сум, – одговори Елиса.
– Можеби треба да побараме доктор, – инсистираше Естер, држејки ја во прегратка саканата ќерка.
– Добро знаеш дека не им верувам на тие пагани, Естер, – одби Фаусто.
– Но, нашата ќерка не е добро.
– Сега ми е подобро, мајко.Разговорот со татко ме смири, – додаде девојката, а ваквиот одговор предизвика блага насмевка кај Фаусто.- Фатете се за рака, тато и мамо. Сакам вака да ве гледам секогаш. Двајцата заедно.
– Пред многу години, твојата мајка и јас се заколнавме на вечна љубов пред Господ. Само смртта ќе може да не раздели. Зарем не е така, Естер?
– Така е, – со грутка во грлото потврди таа.
Беше мирна приквечерина. Сонцето беше црвено и ги фрлаше своите последни краци над пампата. Лукреција му испрати порака на Анибал дека ќе го чека кај амбарот. И тој имаше за што да разговара со неа, откако отворено зборуваше со Алис, па се појави на договореното место полн со елан, но Лукреција не ги делеше истите емоции.
– Лукреција, дојдов најскоро што можев.
– Пушти ме…, – го одби таа.
– Што се случило?
– Не знам како можев да помислам дека ти си поинаков. Ти си ист како сите, вообразен, дрзок…Веднаш си му кажал на твојот брат за нас.
– Но, што зборуваш, Лукреција?
– Рикардо ми даде благослов да ја објавиме јавно нашата врска, – иронично продолжи таа. – А кој друг би му кажал за нас, ако не ти, Анибал?
– Лукреција, дозволи ми ти објаснам…
– Не сакам никакви објаснувања. Ова е крај! Не знам како можев да му верувам на едно разгалено детиште како тебе.
– Лукреција, јас му немам кажано ништо на Рикардо, тој…Тој не видел.
– Навистина си лажго. Време е да почнеш да се однесуваш како маж и да признаеш дека си погрешил, – додаде таа и го напушти амбарот, оставајки го момчето со скршено срце.
Рикардо потпевнуваше додека се бричеше пред огледалото, очигледно видно расположен поради престојната средба со Крситина, но наскоро расположението се промени кога влезе неговиот постар брат, го грабна за јаката и му удри тупаница.
– Анибал, што ти е?
– Како си можел да и кажеш на Лукреција дека знаеш за нас?
– Брате, јас само сакав да ти помогнам…
– Навистина? Ми помогна многу,- вилицата на Анибал се тресеше од бес. Му замавна уште една тупаница на својот брат и започнаа борба на подот во собата, се додека нивниот татко не дојде да ги раздели.
– Анибал! Рикардо! Престанете! До Бога, што е со вас двајцата?
– Ме налути брат ми поради нешто што кажа, – одговори Анибал, доаѓајки до воздух.
– Што рекол?, – инсистираше да зне Фаусто.
– Кажи му што ти кажав, Анибал, – провоцираше Рикардо.
– Ништо сериозно…Обична провокација. Извини, татко, не знам што ми беше, – додаде Анибал и излезе од собата.
Ноќта веќе длабоко завладеа, кога по расправијата која ја имаше со својот брат, Анибал влезе во капелата, осветлена од стотици свеќи, клекна како маченик пред распетието и низ солзи почна да се искупува за своите гревови.
– Прости ми, Оче, прости ми што го лажев мојот татко, што ја лажам мојата фамилија. Знам дека не заслужувам прошка, Безмилосен…
Ја раскопча кошулата и посегна по камшикот. Самоказнувањето беше најблизок чин до казната која му следуваше. Ги затвори очите и и почна да удира со камшикот по грбот, рецитирајки ја Оче Наш во себе. Рикардо, кој стоеше на прагот од капелата, беше стаписан од она што го гледаше пред себе.
Беше скоро полноќ, а Енцо не можеше да заспие. Имаше немир и сакаше да знае како е Естер. Немаше трага од неа целото попладне. Пропратен со песната на штурците, пријде до фазендата под прозорецот од собата на Естер. Фрли камче по стаколото, но немаше одговор. Само сакаше да знае дали е добро. По вториот обид се откажа. Најмалку сакаше некој да го забележи под прозорецот. Се упати кон колибата по скратениот пат, преку винаријата. Одеднаш слушна коњски топот. Беше црниот пастув и жената во црно. Очи во очи со Акасија. Но, за разлика од минатиот пат, таа само ги повлече уздите и одјава во спротивен правец. На небото засветкаа молњи…
Надвор паѓаше тивок дожд. Дожд кој започна доцна таа вечер а не престана да врне целото следно утро. Превезот од магла ги покриваше полињата, правејки се тешко видливо и нејасно. Прозорците во собата на Фаусто беа замаглени од внатрешната страна, додека од надвор по истите лизгаа капки дожд. Кристина се извлече од креветот на својот господар, откако ноќта ја беше поминала во неговата соба.
– Излегувај побрзо пред да види некој дека си тука, – и нареди грубо, навелкувајки ги гаќите на себе.
– Вашата наредба е заповед за мене, газда, – рече таа, додека го облекуваше фустанот фрлен преку столицата. – Се прашувам дали е подобро госпоѓица Елиса. По стравот кој го претрпе сношти.
– Тоа не е твоја работа. Не сакам да и приоѓаш, ниту да и зборуваш, ниту да ја гледаш…
– Во ред, како ќе кажете, – покорно рече Кристина.
– Не ти пречеше мојот син?
– Не.
– Одлично. Не сакам да бидеш лош пример за мојата фамилија. Ќе и речам на Лукреција, родинината на мојата сопруга да те надгледува.
– Таа е онаа која треба да биде надгледувана, не јас.
– Зошто велиш така?, – зборовите на Кристина го заинтригираа.
– Бидејки не може да го тргне погледот од мојот брат Енцо.
– Лукреција и Енцо?, – Фаусто изрипа од постелата.
– Пред некој ден го бараше во куќата. Сигурно има добра причина.
Ваквите зборови предизвикаа сомнеж кај Фаусто. Мораше итно да разговара со својата балдска.
Лукреција не беше од оние жени кои сакаа рано да го започнат денот, особено во вака лоши временски услови. Се излежуваше до доцна во својата постела, облечена во тенка ноќница која ги истакнуваше сите нејзини женски атрибути. Некој затропа на вратата и пред да успее да праша кој е, пред неа стоеше Фаусто.
– Фаусто, не сум облечена, – крикна таа, повлекувајки го сатенскиот чаршав на себе.
– Не грижи се. Не дојдов да те гледам.
– Тогаш излези и дај ми време да се облечам.
– Немам време за губење. Твоето однесување ме загрижува, Лукреција.
– На што мислиш?, – праша исплашено. Само Рикардо да не отворил уста, помисли.
– Нема да дозволам идната ташта на мојот син да се гледа со обичен работник на фазендата.
– Не знам за што зборуваш, Фаусто, мислам дека станува збор за грешка.
– Јас знам се што се случува на Темпестад, Лукреција.
– Ако навистина знаеш се, те молам објасни ми, бидејки јас навистина не знам што сакаш да кажеш.
– Си била да го посетиш Енцо Анџели во неговата колиба. Ти и тој бесрамник сте љубовници!
Продолжува во петок…
Јовица Крстевски | ТВ Пакет