Постојан раст на гледаноста, програмска понуда поинаква од другите, сопствена продукција, врвни светски и домашни спортски настани, серии и филмови. Македонската радио-телевизија за прв пат ја презентираше програмската понуда за 2013-та пред маркетинг агенциите. До 1 јуни ќе заврши процесот на целосна дигитализација на програмата.
Но, амбициите на јавниот сервис не запираат овде – наскоро ќе почне снимањето на домашна висококвалитетна серија, како и на повеќе шоу програми меѓу кои и популарната лиценца на „Танц со ѕвездите“.
Мите Иванов | ТВ Пакет