Почетна / Живот / Студентите организираат протест против Шуклев

Студентите организираат протест против Шуклев

 

Студентите од Економскиот факултет се револтирани од односот на нивниот професор Шуклев, па затоа одлучија да организираат протест за кој бараат поддршка од своите колеги. Во соопштението што пристигна до адресата на ТВ Пакет, и кое го најавува протестот што ќе се одржи утре во 10 часот, се вели:

„Се организира протест против професорот Шуклев, и неговиот несериозен пристап кон делењето на потписи. Вашата поддршка можете да ја дадете со тоа што ќе присуствувате на протестот утре во холот Економскиот факултет во Скопје. Се замолуваат сите студенти, без разлика дали се положени или не, да застанат на страната на своите колеги“, стои во соопштението.

Револтот на студентите се јавува проади начинот на којшто се делат потписите, но не само кај професорот Шуклев, тоа го практикуваат повеќето професори од Економскиот факултет.

 

 

Студентите тврдат дека повеќе професори си создаваат сопствени начини на евиденција на редовноста, евиденција која кај секој од нив функционирала на различен начин. Проблемот на Економскиот факултет се појавил денеска, кога на закажаниот ден за земање потписи, половина од појавените студенти не успеале да добијат потпис, без да добијат објаснување за тоа. Се пуштале нередовни списоци, а кога требало да се поделат потписите арбитрарно се одредувал еден список, па сите што биле на тој список добиле потпис. Останатите студенти останале без список, но и без објаснување за постапката. На некои од факултетите на УКИМ, потписот од професорот можел да биде добиен со уплата на сметка, велат студентите.

Сите којшто сакаат да ја поддржат оваа група од револтирани студенти, тоа можат да го сторат утре во 10 часот во холот на Економскиот факултет во Скопје.

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добитниците на награди на Струшките вечери на поезијата 2024

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современа уметност во Скопје, заврши 63. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!