Саше Ивановски – „Политико“ се враќа на малите екрани, откако неговата емисија пред неколку недели беше отстранета од репертоарот на „Наша ТВ“, јавува Плусинфо.
„Почитувани, Политико се враќа на тв екраните. Овојпат, на ТВ Сонце, со појака доза и во друго пакување. Ќе се вика Аналитико, ќе оди секој работен ден од 17 до 18 часот со репризи истиот ден во 23 часот. Почнуваме наредниот понеделник“ – најави Ивановски.
Како што објаснува тој, гости и понатаму ќе бидат најекспонираните луѓе на јавната сцена и тоа од политиката, бизнисот, науката и јавната аналитичка и шоу сцена. Емисиите со еднодневно задоцнување ќе може да се погледнат и на веб-страницата направена за таа намена www.maktel.mk, каде ќе може да се прочитаат и колумни од јавни личности, аналитичари, градоначалници, пратеници, интелектуалци, уметници, спортисти итн.
„На овој веб сајт најверојатно ќе може да го читате и нашиот легендарен сатиричен бренд Пецко“ – вели Ивановски.
Ивана Таневска | ТВ Пакет