Почетна / Сапуници / Џан Јаман во семејната комедија за „Романтичното маало“ на Сител

Џан Јаман во семејната комедија за „Романтичното маало“ на Сител

Итир и Тарик се двајца млади, кои студираат на ист универзитет и се вљубуваат еден во друг. Знаејќи дека нивните родители нема да ја дозволат врската, решаваат тајно да се венчаат. Мунир, таткото на Итир и Адиле, мајката на Тарик пред многу години биле во голема љубов, но поради едно недозбирање, се разделиле.

Сега години подоцна, патиштата нивни повторно се судираат преку нивните деца. Големата љубов преминала во голема омраза меѓу двајцата, а сега сето тоа ќе резултира со нетрпение, караници и инает.

Нивните деца се тие што ќе мора да направат сè за да ги смират родителите, а во таа мисија се вклучуваат и сите нивни комшии и пријатели кои живеат во таа необична и весела населба. Затоа што сите заедно се едно големо семејство.

Семејство во едно среќно и романтично маало. Малку лудо, малку гласно, но секогаш полно со љубов. Тоа се луѓе што сонуваат, се смеат, се забавуваат и се сакаат меѓусебно. Оние на кои секогаш можеш да се потпреш. Секогаш овде, а не само во добрите моменти. Најскапоцениот дар за сите кои живеат тука. Тоа е ова романтично маало. Каде што животот почнува, а љубовта никогаш не завршува.

Од понеделник до петок на Сител телевизија во 19.50 часот – семејната комедија за “Романтичното маало”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!