САД Премиера и Кино Милениум
14. декември
Хобит: Неочекувано патување
Режија: Питер Џексон (The Lord of the Rings; The Lovely Bones)
Сценарио: Филипа Бојенс (The Lord of the Rings), Гиљермо дел Торо (Pan’s Labyrinth)
Улоги: Јан МекКелен, Морган Фримен, Ричард Армитаж, Кејт Бланшет, Кристофер Ли, Џејмс Несбит
Жанр: фантазија, авантура
Билбо Бегинс е втурнат во потрага за враќање на изгубеното кралство на Џуџињата од Еребор освоенo од страшниот змеј Смаг. Ненајавената посета од страна на волшебникот Гандалф Сивиот, го запознава Билбо со група на тринаесетина џуџиња предводени од легендарниот воин Торин Океншилд. Патувањето ќе ги однесе длабоко во дивината, низ опасни предели преполни со гоблини и орки, смртоносни варги и џиновски пајаци, како и злобни волшебници. Иако нивната цел лежи во пронаоѓањето на Осамената планина, тие се приморани да поминат низ подземни тунели преполни со гоблини, каде Билбо го запознава суштеството кое ќе му го измени животот засекогаш – Голум. Таму, сам и соочен со Голум, на бреговите на подземното езеро, скромниот Билбо Бегинс не само што ги открива длабочините на сопствената итрина и храброст, туку и случајно станува сопственик на еден „скапоцен“ прстен кој крие неочекувани и мрачни сили.
Боби Китанов | ТВ Пакет