Талентираниот македонски кандидат Јасмин Алиевски на чекор до големото финале во сезоната 2022/2023 од „Ѕвездите на Гранд“.
Преку баражот, тој успеа да обезбеди пласман во големото полуфинале кое ќе се емитува на Сител телевизија овој петок, 23. јуни со почеток од 21.15 часот.
Јасмин во саботата се претстави со две песни, едната беше „Дуга“ на Џенан Лончаревиќ, а пак втората беше голмиот хит на Горан Каран – „Вагабундо“.
Алиевски двете песни ги отпеа одлично, но не освои доволно гласови за директен пласман, па мораше да испее уште еднаш на крајот од емисијата, односно во баражот и така да си обезбеди карта за полуфиналето.
Дани | ТВ Пакет