Сабота и недела во прајмтајм на Сител телевизија, со големо внимание следете ја најновата турска комедија за “Романтичното маало”.
Насмејте се од душа и релаксирајте се во пријатен домашен амбиент со семејната комедија што ви ја препорачува Сител телевизија. Серија за едно среќно и романтично маало.
Малку лудо, малку гласно, но секогаш полно со љубов. Тоа се луѓе што сонуваат, се смеат, се забавуваат и се сакаат меѓусебно. Оние на кои секогаш можеш да се потпреш.
Секогаш овде, а не само во добрите моменти. Најскапоцениот дар за сите кои живеат тука. Тоа е ова романтично маало. Каде што животот почнува, а љубовта никогаш не завршува.
Друштво на главниот актер Џан Јаман овојпат му прави познатата турска актерка Селен Сојдер во улогата на Итир.
Оваа актерка македонските гледачи ја паметат по главната улога на Топрак во “Сестри” и “Лале”, едни од првите турски емитувани серии кај нас, а потоа ја гледавме и во викенд полициската акција “Специјалци”.
Како Сојдер ќе се снајде во улогата на Итир и што ја очекува веќе во следните епизоди, гледајте на Сител во 19.45 часот.
Дани | ТВ Пакет