Почетна / Сапуници / Адиле од ,,Маалото” претходно ја знаеме во сосема поинакво издание

Адиле од ,,Маалото” претходно ја знаеме во сосема поинакво издание

Ѓул Онат е ветеранка на турската кинематографија, која е позната за тамошната јавност по бројните улоги во театарски серии, филмови, но и телевизиски серии.

Моментално ја следиме во улогата на Адиле, мајката на Тарик во хит комедијата на Сител – “Романтичното маало”. Адиле секојдневно влегува во препирки со нејзината поранешна љубов, Мунир.

Мунир, таткото на Итир и Адиле, мајката на Тарик пред многу години биле во голема љубов, но поради едно недозбирање, се разделиле.

Сега години подоцна, патиштата нивни повторно се судираат преку нивните деца. Големата љубов преминала во голема омраза меѓу двајцата, а сега сето тоа ќе резултира со нетрпение, караници и инает.

Нивните деца се тие што ќе мора да направат сè за да ги смират родителите, а во таа мисија се вклучуваат и сите нивни комшии и пријатели кои живеат во таа необична и весела населба.

Актерката за македонската публика е добро позната од неколку турски серијали кои ги следевме во минатото. Но во истите, Адиле толкуваше сосема поинакви улоги. Ако тука е жена од маалото, во “Лале” и “Во виорот на судбината” беше гранд дама, доминантна мајка која поставуваше ред и поред во вилата.

Икбал од “Лале” и Кимет од “Виорот” сега ја следиме како Адиле во најуспешната турска комедија за минатите години – “Романтичното маало”. Ексклузивно на Сител.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!