Почетна / Вебновела / Одмазда – љубов и смртна казна (27. продолжение)

Одмазда – љубов и смртна казна (27. продолжение)

Лукреција не беше од оние жени кои сакаа рано да го започнат денот, особено во вака лоши временски услови. Се излежуваше до доцна во својата постела, облечена во тенка ноќница која ги истакнуваше сите нејзини женски атрибути. Некој затропа на вратата и пред да успее да праша кој е, пред неа стоеше Фаусто.
– Фаусто, не сум облечена, – крикна таа, повлекувајки го сатенскиот чаршав на себе.
– Не грижи се. Не дојдов да те гледам.
– Тогаш излези и дај ми време да се облечам.
– Немам време за губење. Твоето однесување ме загрижува, Лукреција.
– На што мислиш?, – праша исплашено. Само Рикардо да не отворил уста, помисли.
– Нема да дозволам идната ташта на мојот син да се гледа со обичен работник на фазендата.

 

 

 

Одмазда – љубов и смртна казна

Продолжение 27 – „Напад“

 

Лукреција не беше од оние жени кои сакаа рано да го започнат денот, особено во вака лоши временски услови. Се излежуваше до доцна во својата постела, облечена во тенка ноќница која ги истакнуваше сите нејзини женски атрибути. Некој затропа на вратата и пред да успее да праша кој е, пред неа стоеше Фаусто.
– Фаусто, не сум облечена, – крикна таа, повлекувајки го сатенскиот чаршав на себе.
– Не грижи се. Не дојдов да те гледам.
– Тогаш излези и дај ми време да се облечам.
– Немам време за губење. Твоето однесување ме загрижува, Лукреција.
– На што мислиш?, – праша исплашено. Само Рикардо да не отворил уста, помисли.
– Нема да дозволам идната ташта на мојот син да се гледа со обичен работник на фазендата.
– Не знам за што зборуваш, Фаусто, мислам дека станува збор за грешка.
– Јас знам се што се случува на Темпестад, Лукреција.
– Ако навистина знаеш се, те молам објасни ми, бидејки јас навистина не знам што сакаш да кажеш.
– Си била да го посетиш Енцо Анџели во неговата колиба. Дали е така или грешам?
– Кој ти кажал?, – праша со олеснување.
– Тоа не е твоја работа. Слушај ме добро, Лукреција.Не сакам скандали на мојата земја. Енцо е само вработен. И ако дознам дека матиш нешто со тој човек, веднаш ќе ја откажам венчавката на твојата ќерка со мојот син. Се надевам дека нема потреба да се повторувам.
Фаусто беше јасен и гласен. Секако дека немаше потреба да повторува, помисли Лукреција.

Во меѓувреме, Енцо го чекаше својот господар во работната соба, откако му беше кажано дека Господарот на Темпестад сака да разговара со него. Но, онаа која не знаеше дека Енцо е во куќата беше Естер, која влезе во работната соба барајки го својот сопруг. Остана стоејки на вратата, гледајки во продирно сините очи на својот љубовник. Пред да можеше да каже нешто, слезе Фаусто.
– Добро утро, – ги поздрави двајцата.
– Добро утро, газда.
– Енцо, сакам да го однесеш ова плико во селото, – му нареди на својот работник, подавајки му едно писмо кое стоеше на работната маса.- Антенор ќе ти објасни подетално, ти го има подготвено коњот надвор.
– Секако, газда. Извинете. Извинете, госпоѓо, – рече љубезно пред да ја напушти просторијата.
Естер ја спушти главата. Се плашеше од црвенилото на своите образи предизвикана од присуството на страсниот италијанец.
– Беше да ја видиш Елиса?, – го праша својот сопруг колку за да ги разбистри мислите.
– Не, не сеуште, – ноншалантно одговори тој.
– Се разбуди многу подобро, – го извести таа.
– Ме радува. Онаа која ме загрижува е Лукреција, – и се довери на својата сопруга. – Не си забележала нешто чудно кај неа?
– Не, зошто?
– Сакам да се држиш понастрана од твојата роднина, Естер. Лукреција не е чиста жена како тебе. Таа жена живее во грев.
– Не разбирам што сакаш да кажеш.
– Не сакам да зборувам без докази, но слушнав дека се гледа со работник од фазендата.

Кристина мирно ја напушти фазендата тоа претпладне. Ја искористи ситуацијата кога беше испратена да ги испере алиштата на реката, па ја наполни торбата со неколку пари кои ги пронајде во собата на Фаусто, еден златен рачен часовник и неколку бисерни и смарагдни обетки од кутијата за накит на Естер. Одеше по патот кон реката речиси безгрижно, не сакаше никаков грч на страв да ја издаде, се додека двајца друмски разбојници, вооружени не и пријдоа од зад грб.
– Биди мирна!,- извика едниот, принесувајки го остриот нож до нејзиниот врат, додека другиот ја зеде торбата од нејзината рака.
– Што правите?, – извика Кристина, преплашена до смрт.
– Биди мирна, во спротивно ќе ти го откинам увото, дали сум јасен?
– Да, да…
– Од каде толку пари?, – ја праша другиот разбојник откако ги пронајде парите помеѓу валканиот веш во торбата. – Одговори.
– Види да не има и нешто друго, – рече разбојникот кој ја држеше.
Златен накит, смарагдни обетки…Се погледнаа меѓу себе и задоволно се насмевнаа. Но не им беше доволно богатството. Со поглед и мимика, разбојниците се договорија да ја одвлечкаат на страна од патот и да поуживаат во доблестите на убавата девојка. Кристина врескаше за помош, се обидуваше да побегне, но секој обид беше залуден…

Лукреција нервозно запали нова цигара во днената просторија и пријде до прозорецот. Разговорот со Фаусто од утрото ја направи немирна. Од една страна сакаше да и помогне на својата роднина и да ја остави во тајност нејзината афера со италијанецот, но од друга страна сега кога бракот на Алис и Анибал беше толку близу, не можеше да си дозволи никаков сомнеж да го загрози истиот.
– Сакам да зборувам со тебе, – до неа допре гласот на Анибал, кој откако ја затвори махагони вратата, пријде до неа.
– Не сега, Анибал.
– Важно е, Лукреција.
– Што е толку важно?, – повлече нов дим од цигарата.
– Сакав да ти објаснам дека јас не сум му кажал ништо на Рикардо за нас. Самиот не видел.
– И зошто треба јас да ти поверувам?
– Бидејки јас те љубам, Лукреција. Не можам да спијам ноќе, мислејки на тебе.
Таа го гледаше со широко отворени зеници. Љубовна изјава од момче кое можеше да и биде син беше најмалку што очекуваше тоа претпладне.
– Зарем ти не го чуствуваш истото за мене?, – ја праша.
– Анибал, јас не сакам да страдаш ниту сакам да ти го комплицирам животот.
Ја зеде нејзината рака. Сакаше да го гледа во очи кога ќе и го постави прашањето.
– Дали ти ме љубиш, Лукреција?
– Не, – му одговори кратко и директно.
Тој инстантно ја пушти нејзината рака.

Друмските разбојници го раскинаа корстеот на Крситина, додека таа немоќно се обидуваше да побегне. Во еден час слушна коњски топот како надоаѓа по патот и помисли дека блада, но не грешеше. Јаваше Енцо кој требаше да достави порака во селото. Кога ја виде својата сестра како беспомошно моли за помош, изрипа од коњот уште пред животното да застане. Едниот од разбојниците го впери својот нож кон италијанецот, додека другиот цврсто ја држеше Кристина. Боречките вештини не беа новост за Енцо, па брзо го совлада едниот па и другиот. Првиот разбојник го замавна со гранка по тилот пред двајцата да побегнат во спротивниот правец. Енцо падна на земја без свест. Кристина врескаше на сиот глас, барајки помош, но немаше никој а беа и далеку од фазендата…

По појадокот, Естер и нејзината ќерка Елиса излегоа на прошетка во градината. Дождот престана да врне, но небото сеуште беше мрачно, па превентивно зедоа чадори.
– Како се чуствуваш дене, Елиса?
– Многу подобро, благодарам, мајко.
– Загрижена сум за тебе. Те гледам секој ден се послаба. Го замолив татко ти да донесе лекар од селото но тој вели дека нема потреба.
– Несвестицата беше нешто што нема да се повтори, не грижи се.
– Дај боже. Сакам да бидеш добра.
Застанаа под дебелиот храст на ридот, онаму каде што гледката фрлаше преубав поглед. Од едната страна се гледаше фазендата, а другата страна пампата над која се издигаше шарено виножито. Но, мирот и спокојството одеднаш ги наруши очајниот крик на една жена која молеше за помош. Естер погледна кон капијата ода каде што доаѓаше звукот. Кристина ги држеше уздите на коњот на кој во бесознание лежеше нејзиниот брат.
– Боже мој, Енцо!, -крикна Естер, го спушти чадорот ја подигна потсуќната и потрча во помош кон Кристина. По неа трчаше и Елиса.
– Кристина, што се случило?
– Госпоѓо…, – младата жена одвај можеше да дојде до здив. – Ме нападнаа едни разбојници и брат ми ме спаси, но го нападнаа…
– Кутриот човек, – крикна Елиса, плашејки се од најлошото.
– Одведи го дома, Кристина!, – и нареди Естер. – Елиса, трчај по татко ти и кажи му што се случило.

Продолжува на 24.12.

 

 

 

Јовица Крстевски | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!