Почетна / Сапуници / Вака започна возбудливата приказна за „Сведокот на судбината“

Вака започна возбудливата приказна за „Сведокот на судбината“

Од понеделник до петок навечер на Сител телевизија се емитува новата турска драма “Сведок на судбината” која веќе ги заинтригира гледачите на играните серии. Како започна оваа приказна, ве потсетуваме во продолжение.

Азиз е единствениот син и наследник на богатото семејство Коркмазер, сопственици на голем холдинг од текстилната индустрија.

Тој се вложува целосно во големиот бизнис, следејќи ги стапките на татка си Тахсин и надевајќи се дека компанијата секогаш ќе остане на врвот каде што ја донел неговиот татко. Но, амбициозниот Азиз не ги знае темните страни на семејството и другото лице на неговиот татко.

Господинот Тахсин е навидум почитуван и моќен човек во општеството, но зад сето тоа се крие маска на голем мафијаш, измамник и криминалец. Сите нелегални активности, сега тој ги извршува преку Керим, посвоениот син на семејството, кој се надева дека ќе го тргне Азиз од патот и ќе ја превземе компанијата.

Во опасната игра за пари и моќ случајно влегува и младата и скромна Фериде, девојка израсната со својот татко и злобната маќеа. Таа ќе биде сведок на едно убиство кое Азиз ќе се обиде да го заташка, но тука е вмешан и нејзиниот брат, па затоа девојката е приморана да молчи.

Азиз се вљубува во убавата девојка и ќе направи сè за да биде отпуштена од работа за да ја вработи во неговата компанија. Тој ја сака, а таа навидум го мрази. Два сосема различни света на чекор да се спојат кога најмалку очекуваа.

И двајцата ги зближуваат големите тајни од минатото заплеткани во црнилото на семејството на Азиз. Тајни кои ќе донесат лавина на акции и пресметки со подземјето и тајни кои ќе ја стават љубовта на тест кога вистината ќе почне да испливува на површина.

Доаѓа време за наплата на сметките во кое никој нема да биде поштеден. Време на војна меѓу чесните и неправедните, меѓу добрите и лошите, меѓу предаторот и пленот. Време во кое една игра ќе стане пресудна за спас на вљубените и разоткривање на тајните од минатото.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Теленовелата „За љубовта нема рецепт“ во 13:45 часот на Телма

Во Мексико секој ден во просек исчезнуваат по 14 деца. Повеќето се жртви на трговија …

error: Содржината е заштитена!