Почетна / Сапуници / Секоја вечер на Сител – љубовната драма „Траги од минатото“

Секоја вечер на Сител – љубовната драма „Траги од минатото“

Од понеделник до недела во 21.20 часот на Сител телевизија се емитува најновата драма од редот на класиките.

“Траги од минатото” е серија за две вљубени срца, кои злобата ги разделила, а сега едно мало и невино дете повторно ќе ги оживее нивните украдени соништа и ќе ги избрише трагите од минатото.

Фидан е млада девојка која пред пет години ги загубила сопругот и бебето во страшна несреќа.

Сега, таа живее скромно со својот болен татко и злобната маќеа, работејќи макотрпно за да го отплати долгот што нејзиното семејство го има кон човекот кој сака на сила да се ожени за Фидан. Младата вдовица сосема случајно еден ден го запознава богатиот Топрак и не може да поверува на своите очи. Топрак е идентичен на нејзиниот починат сопруг.

Тој е млад богаташ, кој се разбудил по пет години поминати во кома. За жал, тој не се сеќава на ништо од своето минато, а ниту на семејството и палатата во која живее сега. А живее во богата вила со својата свршеница Ајден, синчето Бурак и доминантната мајка Кериман.

Средбата со Фидан буди кај него некои навидум згаснати чувства и го пројавува сомнежот за тоа што навистина му се случило. По игра на судбината, Фидан доаѓа да работи во неговата вила како дадилка на неговото мало синче.

Доаѓањето на девојката во вилата ги буди старите спомени и двајцата започнуваат да ја разоткриваат мистеријата за нивното минато. Мистерија која ги разделила, а сега е на чекор повторно да ги спои.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!