Канал 5 Телевизија и ова лето прави пауза со политичките емисии “Само Вистина” и “Само Интервју”, а како замена за гледачите, но и заполитичките чинители, ја емитува кусата и динамична емисија “Вести плус”.
И гледачите имаат можност да испратат прашања за гостите и тоа на следниот е-меил : [email protected].
– Ве молиме доколку сте од политичка партија праќајте од вашите официјални e-mail адреси, а доколку сте граѓани, пишувајте ни од вашата e-mail адреса но прикачете и ваша фотографија, име и презиме – велат од телевизијата.
Во последните денови од жешкото политичко лето, следиме кратки политички дебати и се подготвуваме за есента со новите сезони од добропознатите “Само Вистина” и “Само Интервју”.
Дани | ТВ Пакет