Турската сапуница „Траги од минатото“ ја следите секоја вечер на Сител, а токму на оваа фреквенција, серијата ја имаше и својата светска премиера.
Од првата епизода, серијата на продуцентската куќа Stellar yapim доминира во сите демографски групи во Македонија, надминувајќи ги конкурентните содржини. Премиерата на серијата имаше рејтинг од 9,66% и значителен удел во гледаноста од 30,92%.
Тој успех продолжил да расте, согласно податоците објавени на светските медиуми за серии и натписите на продуцентскиот тим, достигнувајќи импресивни 11,38% рејтинг и извонредни 41,02% удел во својата 10-та епизода на Сител.
Овие исклучителни рејтинзи ја зацврстија нејзината позиција како водечка премиерна серија меѓу другите успешни содржини на телевизијата за ова лето.
Дани | ТВ Пакет