Почетна / Сапуници / Акции во колумбиското подземје во „Тајниот закон“ на Сител
Недела на Сител по полноќ - "La ley secreta" од продукцијата на "Пабло Ескобар"

Акции во колумбиското подземје во „Тајниот закон“ на Сител

Ова се жени кои се трудат да останат на вистинската страна, борејќи се на тенката линија меѓу законот и беззаконието. Женски разузнавачки агенти кои работат за полицијата и кои се инфилтрираат во колумбискиот картел во обид да ги соборат нарко босовите и нивните соработници.

Нивната работа е далеку од лесна. Тие често се наоѓаат во опасни ситуации, работејќи во постојан страв дека може да бидат откриени и секој сомнеж дека се службеници кои го спроведуваат законот може да биде фатален за девојките.

Се запознаваме со Амелија која е во можеби најголема опасност бидејќи се инфилтрирала во група која преместува дрога низ џунглата; а тука се и Сандра и „Којоте“ кои се претставуваат како пар за да се зближат со сметководителот на картелот; Татјана, која го истражува главниот мафијаш и новата девојка Алехандра мора да биде обучена пред нејзините први мисии.

Тие се под водство на полковникот Кристобал Порто и неговата заменичка Марија Ема Малдонадо.

Крими драма која остава без здив. Напната и динамична колумбиска серија на Нетфликс која ги стави на виделина темните страни на колумбиското подземје и отвори низа прашања за поврзаноста на картелите со полицијата, прашања за корумпираноста на системот и жртвите кои ги трпи борбата за закон и ред.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Теленовелата „За љубовта нема рецепт“ во 13:45 часот на Телма

Во Мексико секој ден во просек исчезнуваат по 14 деца. Повеќето се жртви на трговија …

error: Содржината е заштитена!