Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Емоции и носталгија во новата сезона од „Никогаш не е доцна“ на Сител
Недела, по вечерните вести - нова сезона на Сител

Емоции и носталгија во новата сезона од „Никогаш не е доцна“ на Сител

Ексклузивно на Сител, секоја недела во 21.15 часот продолжуваат новите емисии од првата и единствена шоу програма во регионот, која што им дава шанса на оние кои мислат дека за почеток на кариера било предоцна. “Никогаш не е доцна” со нова, деветта сезона на Сител.

Ова е натпревар на ветерани со неодоливи животни приказни и неостварени соништа. Натпревар на луѓе со неверојатен талент за кои кариерата допрва започнува затоа што никогаш не е доцна.

Шанса за нов почеток за сите аматери кои собраа храброст да се појават на големата сцена, каде преку изведбата на најголемите фолк, поп и рок хитови, публиката ќе доживее вистински ролеркостер од емоции и восхит.

Возбудата допрва ќе расте во студиото на Гранд на Кошутњак под будното око на авторот и креатор Жика Јакшиќ, водителката Драгана Катиќ и Саша Милошевиќ Маре, како постојан член на стручното жири.

Секоја недела навечер на Сител ги следиме најдобрите возрасни таленти и навиваме за македонските кандидати, кои ќе треба да се претстават во најдобро светло и чиј пат до славата ќе почне и ќе се вивне токму преку ова телевизиско шоу.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова сезона од фолк емисијата „На здравје“ секоја недела на Алфа

Четвртта сезона од музичката фолк емисија “На здравје” на Алфа телевизија. Секоја недела од 16.15 …

error: Содржината е заштитена!