Почетна / Телевизија / Браво за Канал 5 – со осуда на одвратен говор кон Македонците

Браво за Канал 5 – со осуда на одвратен говор кон Македонците

FB страната на Канал 5 ТВ е често посетувана од бугарски читатели кои често користат говор на омраза. Но коментарот под веста за посетата на Јотова во Албанија убедливо ги надмина сите граници.

По ваквиот коментар на ФБ страната на телевизијата, Канал 5 излезе со соопштение :
Барам МНР на Македонија и министерот Османи, преку дипломатските патишта да побара кривичен прогон за овој сериозен говор на омраза од страна на лицето Александар Дончев кој во својот коментар објавен под веста на Канал 5 ТВ

Ваквиот говор на омраза збогатен со шовинизам и територијални аспирации кои доаѓаат од соседна Бугарија, не помагаат воопшто за затоплување на никаквите односи меѓу Македонија и Бугарија.

Ставот на овој Бугарин е директна навреда за сите Македонци во светот и сметам дека власта не смее повеќе да ги премолчува ваквите вербални хулигански акти, со цел да го сочуваме и она малку дигнитет кој ни остана во последно време.

Тимот на ТВ Пакет строго ја осудува оваа оркестрирана навредувачка политика која владее на ФБ страните на сите медиуми и се согласува во целост со ставот на менаџментот на Канал 5.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

error: Содржината е заштитена!