Почна новата сезона на емисии на телевизија 24. Секое утро гледачите на оваа фреквенција се будат со совети и разговори за здравјето со Билјана Дебарлиева во “Фактор здравје”.
Веднаш потоа, во 10 часот следува утринската програма, по што следуваат контактните емисии. Вечерните термини од 17.45 часот и 20.45 часот се резервирани за дебатните политички емисии.
Но, каде во новата програмска шема се квизовите, сериите кои ги имаше минатата сезона? Зборуваме за премиери кои ги бараат и нашите читатели кои постојано испраќаат прашања за серии до нашата редакција.
Ниту спортот не е застапен, иако до пред некоја година гледавме Формула 1, германска Бундес лига како и за фановите на борбените спортови – М1.
Комичните серии како Кујна, Преспав, Андрија и Анѓелка, Мамини синови, Нагиев во карантин… како да останаа едно светло минато на телевизијата. Ништо ново ниту од тој жанр.
Особено омилените мелодрами како Прашање на чест, Женски рај и Додека селото спие беа најпребарувани продукции за телевизијата, а и омилени особено кај женската публика.
Каде се сега ваквите премиерни серии? Дали гледачите заслужуваат конечно нешто ново во есенската програма, од типот на бразилска или шпанска квалитетна серија?
Или и понатаму, гледачите ќе имаат можност по цел ден да следат само политички емисии и ништо од сериска програма ?
Дани | ТВ Пакет