Почетна / Сапуници / Турската драма за „Девојката“ од сега на Канал 5 во 17 часот

Турската драма за „Девојката“ од сега на Канал 5 во 17 часот

Нови продолженија од тажната приказна за девојката и нејзиниот татко. Приказна за младата Зејнеп која секојдневно се грижи за својот татко, човек со посебни ментални потреби.

Тој е 45 годишен маж со ум и емоции на пет годишно дете. Човек, кој од самото раѓање е осуден на еден таков живот, да се смее, да плаче, да си игра како да е мало детенце. Зејнеп постојано се жртвува за својот татко, но едноставно нејзината желба да замине од таа мала куќа во која живеат е поголема од било што друго.

Да замине од малата соба во која не може да се смести ни самата таа, а не па нејзините братучеди. Постајаниот притисок, навреди и омаловажување од страна на нејзиниот тетин, се секојдневието на оваа млада девојка и нејзиниот татко, иако таа чесно си го заработува лебот, чистејќи по куќи со нејзината тетка.

Но, средбата со инфлуенсерот Озан и опасната дама Ситире го смени животот на нашата Зејнеп. Опасен план се подготвува за девојката, а таа е несвесна што ја очекува од богатите кои сакаат да ја искористат.

Од понеделник до петок во 17 часот со полноќна реприза – “Девојката” на Канал 5. Емотивна приказна за татко и ќерка, која ќе допре до сечие срце, против моќта на дигиталниот свет.

Следуваат епизоди во кои ќе дознаете како е да се живее без глас, да се живее со потсмев и неприфаќање, како е да се живее во свет пон со омраза и гнев… да знаеш дека причината за болката во очите на твоето дете си ти, омаловажување, исмејување и вина наспроти борбата на една ќерка против кршење на веќе скршен човек.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Теленовелата „За љубовта нема рецепт“ во 13:45 часот на Телма

Во Мексико секој ден во просек исчезнуваат по 14 деца. Повеќето се жртви на трговија …

error: Содржината е заштитена!