Колку се силни врските на пријателството за да ги издржат новите предизвици и изненадувања? По смртта на татка си и тешката семејна ситуација, младата Гизем се сели во Истанбул со својата мајка и на факултетот ја среќава Седа, нејзината другарка од детството.
Но, иако навидум се чини дека пријателките ја обновиле дружбата, сепак се испоставува дека Гизем не е таква каква што мислат пријателите.
Таа станува завистна и подмолна, обидувајќи се да ја раздели Седа од Ерен и да ја спои со Јунус, а со цел самата таа да остане со Ерен. Љубовни сплетки, тајни од минатото и пријателски врски во новата турска мини серија.
Не ја пропуштајте премиерата на „Пријатели засекогаш“ во 17:30 часот на Dizi.
Дани | ТВ Пакет