„Диана“ е биографски филм од 2013 година, во режија на Оливер Хиршбигел, за последните две години од животот на Диана, принцезата од Велс.
Сценариото е базирано врз книгата на Кејт Снел од 2001 година, „Дијана: Нејзината последна љубов“, а напишана од Стивен Џефрис. Британската актерка Наоми Вотс ја игра Диана.
Филмот ги прикажува последните две години од животот на принцезата, разводот со Чарлс, средбата со пакистанскиот кардиохирург Хаснат Кан (Навин Ендрјус), како и нејзината хуманитарна работа.
Петок, 8 март 2024 година, МРТ 1, 23 часот.
Дани | ТВ Пакет