Денеска во Луксембург заврши 30-то Генерално Собрание на ENEX (European News Exchange), водечката светска асоцијација на приватни радиодифузери во која телевизија Телма беше поканета да стане партнер.
ENEX е прилично селективен при приемот на нови членки, што претставува големо признание за работата, посветеноста и професионализмот на сите вработени во Телма, особено од информативната редакција и снимателите.
Личниот придонес на секој еден од вработените во телевизијата ѝ донесе чест да стане партнер во една глобална организација, во која членуваат медиумски гиганти како RTL, CBS и SKY News.
Телевизиите членки на ENEX ја споделуваат својата содржина на вести и ресурси за производство на вести со цел да стекнат конкурентни предности при презентирањето на вестите.
ENEX започна како платформа за техничка услуга и во последниве години се трансформираше во давател на вести што собира дневни видео-приказни од своите членови.
Телевизии од регионот кои се дел од оваа асоцијација се РТЛ (Хрватска), ПОП ТВ (Словенија), Ν1 (Србија, Босна и Херцеговина), bTV (Бугарија) и Антена (Грција).
Дани | ТВ Пакет